Author: Marija Todorovska
Братислава: Најмалку две лица се убиени во училиште во источна Словачка откако ученик ги избоде со нож.
За време на оддавање почест на настраданите студенти, на улицата Рузвелтова во Белград, една девојка е повредена кога била удрена и носена на покрив од автомобил, по што паднала на улица, објави српската ТВ Н1.
Американскиот амбасадор во Србија кој е во заминување, вчера присуствуваше на мечот помеѓу Црвена звезда и Фенербахче во белградската Арена.
Детската клиника во Скопје потврдија дека во вторникот кај нив било донесено деветгодишното дете од Свети Николе, кое починало по неполни два часа.
Учеството на младите на пазарот на трудот се намалува на глобално ниво, особено во земјите со ниски приходи, се наведува во денеска објавениот годишен извештај на Меѓународната организација на трудот (ИЛО) за вработување и социјални прашања.
Собранието ја констатираше оставката на Илире Даути од функцијата претседател на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади, откако денеска таа побара во рамки на 30. седница да ја образложи својата неотповиклива оставка по изгласувањето на нејзината интерпелација минатиот петок.
Властите на Хамас во Појасот Газа соопштија дека најмалку 71 Палестинец се убиени по објавувањето на договорот за прекин на огнот со Израел.
Пратеничката Илире Даути од Алијанса за Албанците на Зијадин Села, која е дел од „Европскиот фронт“ на која и беше изгласана интерпелација, денеска од собраниската говорница додека траеше 30. пленарна седница, побара од претседателот на Собранието да и дозволи во времетраење од 15 минути да ја образложи оставката од функцијата претседател на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади. На ова, претседателот на Собранието Африм Гаши одговори дека сега се утврдува дневниот ред и дека Даути ќе може да ја образложи својата оставка на пленарната седница закажана за 21 јануари. По ова, во Собранието е дадена пауза.
Димитар Николовски: Мојот впечаток е дека тоа е прашање кое нова бугарска влада нема да сака да го отвора барем еден подолг период. Од друга страна, нашата влада ќе продолжи да лобира во ЕУ за промена на преговарачката рамка. Но не даваат сигнали дека ќе се промени уставот. Така да ситуацијата ќе остане заглавена. Линк
Вработените во дел од државните институции денеска продолжија со предупредувачкиот получасовен протест барајќи додатоци на плата од 30 отсто и потпишување на колективни договори.
Украинските воздухопловни сили денеска соопштија дека собориле 34 од 55 руски беспилотни летала лансирани во текот на ноќта, додека други 18 беспилотни летала ги промашиле своите цели, се вели во соопштението на украинските воздухопловни сили.
Не можам да поверувам дека преживеав и го дочекав овој момент. Ова го чекаме без здив уште откако почна војната – изјави за Ројтерс 17-годишната Палестинка Санабел.
