Author: Marija Todorovska
Вработени од неколку министерства, Државниот завод за статистика и Државниот архив денеска одржаа предупредувачки протест барајќи потпишување на колективни договори и исплата на 30 проценти додатоци на плата. На протест излегоа вработени од министерствата за животна средина, за дигитална трансформација, за шумарство и водостопанство, за правда, за култура и туризам, за економија и труд и за транспорт.
Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинение против судијка од Основниот суд во Велес, двајца сопружници – сопственици на ланец аптеки и правното лице, кои се товарат за фалсификување службена исправа и за употреба на исправа со невистинита содржина.
Загреб: Поради невреме, со налети на места и до 130 километри на час, во делови од Хрватска на сила е црвен аларм.
Тито Беличанец: Покренувам иницијатива пред Државниот јавен обвинител да покрене кривично обвинување против Мицковски, лидер на ВМРО ДПМНЕ, за основано сомневање дека државата Македонија ќе претрпи огромната ненадоместлива финансиска штета со попречувањето да ги започне преговорите за влез, од неразумни идеолошки причини. Попречувањето го врши свесен за можната да настапи штетата и тоа на организиран начин и пред се преку ширење на лаги. Штетата е најмалку 5 милијарди евра помалку во буџетот, 700 евра гарантирана плата и 500 евра најниска пензија.
Поради снегот и појавата на голомразица, од 11 јануари до вчера, скопската Итна медицинска помош имала вкупно 254 интервенции.
Џелал Хоџиќ: Јас не гледам никаква опасност од интеграцијата на останатите помалубројни заедници во Уставот на Република Северна Македонија. Напротив, ќе се добие дополнителен импулс за развој на општеството, во културна, економска и политичка сфера, зашто повеќе граѓани се вклучуваат во придобивките и никој не останува на маргините. Линк
Седуммина студенти, кои во текот на ноќта го блокираа Правниот факултет во Белград, се повредени во три инциденти предизвикани од непознати лица, објавено е на Инстаграм профилот „Студенти у блокади“.
Голем пожар беше предизвикан денеска од напад на украинско беспилотно летало врз енергетски објект во Казан, Русија, соопштија локалните власти.
Продолжуваат напорите за гаснење на пожарите во областа на Лос Анџелес, а на сила е црвено предупредување бидејќи од денеска до среда попладне се очекуваат силни ветрови кои би можеле да влијаат на ширењето на пожарите.
Проблемот на нас Македонците е во тоа што се обидуваме да го демантираме Херинг. Односно очекуваме најпростите меѓу нас да не разберат нас и нашите потреби и интереси, како личности и како нација. Не ја бива таа работа.
