Author: Marija Todorovska
Речиси сите државни училишта во Лос Анџелес повторно ќе бидат отворени денеска, иако пожарникарите продолжуваат да се борат со неколку шумски пожари во кои загинаа најмалку 24 луѓе и уништија повеќе од 12.000 објекти во градот.
Од 11:00 часот на регионалниот пат 1102, Гевгелија-Богданци, сообраќајот е нормализиран, информираат од Автомото сојузот на Македонија.
Поради обилните снежни врнежи, областа Голо Брдо е завеана во снег, па од денеска прекината е наставата во сите училишта во областа.
Подгорица: Во успешна операција координирана преку Оперативно-комуникацискиот центар 112, во соработка со службите за заштита и спасување во Никшиќ и Жабљак, во неделата во три операции беа спасени 14 лица кои беа заглавени во снегот, соопшти Министерството за внатрешни работи на Црна Гора.
Сообраќајот на регионалниот пат 1102, Гевгелија-Богданци од 09:50 часот е во прекин во двата правца поради излизгана машина за чистење на снег, информираат од Автомото сојузот на Македонија.
Министерството за транспорт и врски информира дека дежурните екипи на ЈП Македонијапат и во текот на ноќта во континуитет биле на терен и вршеле расчистување на сите државни патишта со цел да ги оддржат проодни за сообраќај.
Атина: Основните и средните училишта во повеќе општини во северниот дел на Грција денеска ќе бидат затворени поради снежната бура што од вчера ја зафати земјата, а на одредени патни правци постои забрана за сообраќај на тешки возила.
Најмногу снег во изминатото деноноќие наврна на Попова Шапка 64 сантиметри, во Маврови Анови снежната покривка е 57, во Круешево 36, Дебар 34, Штип 32, Демир Капија 31, Тетово 30, Берово 27, Прилеп 20, Охрид 17, Струмица 15, а во Скопје 11 сантиметри, информира УХМР.
– Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенцијата на дежурните екипи на ЈП Македонијапат. Врнежи од снег со променлив интензитет во утринските часови се бележат низ целата држава, информира АМСМ.
Православните христијани кои се водат според Јулијанскиот календар вечер ќе ја пречекаат Стара нова година, која почнува утре на Василица (1 / 14 јануари).
Речиси 15 вековната традиција повторно го разбранува духот на Вевчани. Хуморот и сатирата и годинава ќе преовладува на 13 и 14 јануари, на празникот посветен на Свети Василиј Велики. Според традицијата, на автентичен начин жителите на ова под Јабланичко село ќе се пошегуваат со негативните состојби во земјава и светот и ќе испратат силна порака за позитивни промени. Вевчанци се подтотвени, финишира изработката на маските, а публиката, како од земјава, така и од странство е во исчекување со што ќе изненадат овие креативни луѓе. Добро познато е дека гостопримливите и љубезни вевчанци ќе кажат се, но до карневалското дефиле не…
Преку необично преплетување на пагански и христијански обичаи, на само за Вечани препознатлив начин организирани во две групи, Долна и Горна маала василичарите и годинава ќе се обидат да го избркаат злото со благослов за среќно и бериќетно ново лето.
