Author: Marija Todorovska

Од ДУИ сметаат дека албанофобијата не е спонтано чувство на Македонците – таа е политички проект, поттикнат и финансиран од странски интереси за Северна Македонија да остане заробена во конфликт и несигурност. Како одговор од СДСМ  посочуваат дека претседателот на ДУИ, Али Ахмети треба конечно да излезе од националистичкиот филм. 

Read More

По спроведената истражна постапка во предметот под кодно име „Премин“, надлежниот јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, денеска до Основниот кривичен суд Скопје доставил обвинителен акт против 14 лица и обвинителен предлог против две лица.

Read More

Нано Ружин: Мислам дека условот на ВЛЕН потполно и одговара на владата, бидејќи таа мораше да најде и бара изговор на кој начин да ги откочи блокадите со кои што се соочува нашата држава заради нерегулирањето на уставниот статус на Бугарите и останатите етнички заједници во Македонија, така што под притисок и на меѓународната заедница, меѓутоа и на внатрешните, би рекле, незадоволства на граѓаните, што Албанија е пред нас, мислам дека можеби ќе се случи некоја промена што ќе доведе до тоа повикувајќи се на предлогот на ВЛЕН да дојде до зафаќање со овие уставни измени. Сега како што кажав…

Read More

Атина: Во периодот од 30 декември до 5 јануари, во Грција е регистриран пораст на заболени од грип и респираторни инфекции, како и на позитивни случаи на Ковид-19, согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ).

Read More

Косово започна со затворање на паралелните српски  институции уште во јануари 2024 година, првично ставајќи катанец на привремените општински тела Драгаш, Сухарека, Призрен и Раховец, кои се наоѓаа јужно од реката Ибaр.

Read More

Рускиот суд треба да осуди тројца адвокати кои работеа за опозицискиот политичар Алексеј Навални и беа обвинети во 2023 година за обвиненија за „екстремизам“, пренесува Радио Слободна Европа.

Read More

Зоран Иванов: Фатив нешто на Алфа интервју со Претседателката. Кажа некои фини логични нешта ама и покажа флагрантно, за професор по право плус, непознавање на меѓународните обврски и околности. Нашата, (со нејзиниот вокабулар), во собранието има прифатена меѓународна обврска, значи законски прифатена обврска со „француската“ за уставните, тој факт го игнорира, но ако успее да ја смени рамката, јавно ќе и се поклонам, ако не успее, очекувам соседски возврат!!

Read More

Минатата година беше најтоплата досега и прва што го надмина клучниот праг на глобалното затоплување од 1,5 степени Целзиусови над прединдустриските температури, велат научниците.

Read More

Лондон: Ќе има „штета во реалниот свет“ ако Мета ја прошири својата одлука да ја укине проверката на фактите на Фејсбук и на Инстаграм надвор од САД, објави Меѓународната мрежа за проверка на факти.

Read More

Имаме две добри вести, првата е дека конечно ќе се воспостави директна линија од Скопје до Амстердам, што е огромна можност за туризмот, со оглед дека Македонија е популарна дестинација за Холаѓаните. И најновата вест е дека авиокомпанијата Изиџет формално поднесе документи во министерството за Скопје-Париз до аеродромот „Орли”, кој што е најблиску до центарот на Париз, најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Read More