Author: Marija Todorovska
Европската Унија ја повикува Централната изборна комисија на Грузија и другите релевантни органи да ја исполнат својата должност за брзо, транспарентно и независно испитување на наводите за изборни нерегуларности, порача високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел во врска со парламентарните избори во земјата одржани во саботата.
Мимоза Ристова: Единствениот мотив им е фотељашењето – е да земат хонорари и дневници, но и да се плеткаат близу до врвот на власта. Погледнете им ги биографиите на некои од актуелните. Празни со стручност а преполни со партиски и политички фукнции, а ќе реформирале високо образование. Во образованието не смее да се прават ни импровизации ни пренаглени потреси. Треба со свилени конци да се влече нанапред. Линк
Дури тогаш, кога младите таленти ќе видат дека за нив не само што има насушен леб,туку дека се сервираат и „колачиња’’ за потхранување на нивниот персонален научен кариерен развој, дури тогаш ќе престанат да летаат на запад. Дури тогаш и интересот за студирање физика, математика, хемија и други приридисловни науки ќе порасне.
Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш изјави дека е шокиран од нивото на смртност во северниот дел на Газа, изјави неговиот портпарол Стефан Дижарик.
Заврши 39. издание на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“. Годинава на сцената на Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип беа промовирани 28 нови композиции. Во рамки на двете фестивалски вечери беа испеани 13 песни од дебитанти, од кои синоќа публиката слушна пет песни.
Последните анкети на претстојните претседателски избори во САД покажуваат многу неизвесна трка меѓу двајцата кандидати Харис и Трамп, особено во седум колебливи држави, се вели во анализата на Демостат, додавајќи дека според тие анкети, двајцата кандидати се повеќе или помалку еднакви и дека како пресудна држава која би можела да има најголемо влијание врз исходот на изборите е Пенсилванија.
Ерван Фуере: Гледавме – особено на најновите избори за Европскиот парламент – пораст на десничарски елементи во неколку земји на Европската унија. Знаеме, се разбира, дека овие десничарски елементи се анти-Европа, анти-проширување, анти-имиграција, анти-климатски промени, про-Русија и про-сѐ што е анти-демократско и анти-човекови права. Линк
Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања во врска со предвремените избори во Бугарија истакна дека посакува победа на ГЕРБ на Бојко Борисов, што според него е логично бидејќи двете партии се дел од Европската наодна партија.
Не смееме да заборавиме дека Европска Унија е најголем снабдувач на поддршка, финансиска помош за Македонија. Исто така, ЕУ е најголем трговски партнер на земјата, па така интересите на новата влада би требало да бидат да направи сѐ што е можно за зајакнување на тој однос и со тоа да ги почитува и исполнува сите реформи кои се бараат според Копенхашките критериуми.
Тирана: Институтот за статистика, ИНСТАТ денеска објави дека во периодот јануари-септември годинава Албанија ја посетиле 9.680.030 странски туристи или 16,7 отсто повеќе во однос на истиот период минатата година, кога таа бројка била 8.294.600 туристи.
Секое мало зголемување на температурата е важно Глобалните температури сега се на речиси 1,3 степени Целзиусови над прединдустриските нивоа.
