Author: Marija Todorovska
Брисел: Советот на ЕУ го усвои пакетот за финансиска поддршка на Украина, кој вклучува вонреден заем за макрофинансиска помош до 35 милијарди евра и Механизам за соработка за позајмици, што треба да и помогне на земјата во отплата на позајмиците во износ од 45 милијарди евра обезбедени од Унијата и нејзините партнери од Г7.
Вашингтон: Поранешната манекенка Стејси Вилијамс го обвини републиканскиот кандидат на претстојните претседателски избори и поранешен американски претседател Доналд Трамп дека сексуално ја злоставувал во 1993 година.
Штетните ставови на Трамп за КОВИД-от, абортусот, родовите прашања, расните малцинства, климатските промени и неговата улога на пудлица на Путин, упатуваат на еден заклучок: неговото водство е штетно, тој е себичен и ги загрозува самите принципи кои ги прават САД голема демократија.
Скопје: Повреден мотоциклист кој паднал во провалија на Шар Планина биле спасен синоќа од полициска екипа од станицата Мазрача.
Гувернерката на Народна банка Ангеловска-Бежоска: Денарот е стабилен, девизните резерви се зголемени
Денарот е стабилен, а гаранција за тоа е високото ниво на девизните резерви, коешто и покрај бројните шокови и натаму расте и на крајот на септември изнесува 4,4 милијарди евра. Сегашното ниво на девизните резерви е повисоко од пред пандемијата за 40%, или за околу една милијарда евра, што е значителен пораст, особено во години исполнети со шокови невидени досега, вели гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, која учествува на Годишните средби на ММФ и Светската банка.
Новиот состав во македонскиот тим во заедничката Комисија за историски и образовни прашања помеѓу Северна Македонија и Бугарија денеска, по подолг период, треба да има прва средба со нивните колеги од бугарска страна.
Агенцијата за катастар на недвижности соопшти дека од денеска стапуваат во сила новите намалени цени за голем дел од нејзините услуги. Минатата недела во Службен весник беа објавени измените и дополнувањата на тарифниците, со кои се врши промена и намалување на цените на најкористените услуги на Агенцијата за дури 75 отсто.
Масовно труење со храна во повеќе франшизи на Мекдоналдс во САД: Едно лице почина, десетици заболени
Вашингтон: Најмалку едно лице почина, десет лица се хоспитализирани, а 49 се разболеле поради труење со бактеријата Ешерихија коли во франшизи на Мекдоналдс во десет американски сојузни држави.
Претстојните избори во Грузија, како и оние во Молдавија, како две клучни земји од кои Русија сè уште не е подготвена да се откаже од своето политичко и економско влијание, се многу важен тест за руското влијание во постсоветскиот простор и во регионот на Црното Море околу Украина, и како тоа понатаму ќе се одрази на целокупната стабилност во овој регион.
Шокантни се скандалозните помилувања од страна на претседателката Сиљановска Давкова. Давкова помилувала осудени криминалци, дел од нарко кланови, уапсени во големи полициски акции со заплени на оружје, пари и дрога.
Европската комисија денеска ги одобри реформските агенди на Северна Македонија, Албанија, Косово, Србија и Црна Гора, поврзани со нејзиниот План за раст на Западниот Балкан, откако претходно земјите членки на ЕУ дадоа позитивно мислење за тие документи, јави дописникот на МИА од Брисел.
Јавниот обвинител Анел Фидоски тукушто универзално воведе стандард дека смртната закана е ок! Емилија Целакоска Тој јавен обвинител Анел Фидоски можеби треба да биде преиспитан од повисоко тело, нешто не е во ред со неговиот памет, психа или лиценца. Можеби треба да го пробаме на него неговото „наоѓање” дека упатена смртна закана на Фејсбук било само „новинарско препукување без конкретна намера да се упати закана или да се заплаши било кој”, особено не, пазете сега – особено не на човекот на кој му е упатена! Е, па штом било така бенигно, може и со ОЈО и Анел да се „препукуваме”…
