Author: Marija Todorovska
САД го критикуваа Советот за безбедност на ОН поради фактот што неколку големи западни земји неодамна ја признаа палестинската држава.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека верува оти Вашингтон ќе ја „потурне Русија кон мир“, кратко откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Кијив е „во позиција“ да ја поврати целата своја територија што ја изгуби од Москва.
Министерството за здравство, во соработка со Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија, организира дводневен скрининг на населението во Трубарево, по неодамнешниот пожар во објект за електронски отпад. Скринингот ќе се реализира во текот на денов и утре – 24 и 25 септември.
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува загриженост поради самоволното и непрофесионално однесување на Министерството за здравство и службите за односи со јавност, кои денеска не овозможија официјално присуство на медиумите при посета на Клиниката за пулмологија и алергологија, се вели во соопштението од ЗНМ.
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули годинава, изнесува 45 276 денари и е за 10.5 отсто повискока од истиот месец лани, соопшти Државнииот завод за статистика.
Основното јавно обвинителство сѐ уште не ја добило пресудата од Кривичниот суд и образложението за изречената двегодишна условна казна без забрана за вршење на дејност за второобвинетата во случајот „Онкологија“, онкологот Мери Пешевска.
Петицијата за ослободување на српски демонстрант достигна 60.000 потписи денеска, само неколку дена откако 22-годишен студент беше префрлен во болница додека штрајкуваше со глад. Богдан Јовичиќ е приведен од средината на август, осомничен за вандализирање на канцеларија на владејачката Српска напредна странка за време на насилните протести во Нови Сад минатиот месец.
Семејствата на убиените деца и домарот Драган Влаховиќ во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград денеска објавија дека ќе поднесат иницијатива до Министерството за правда за ревидирање и намалување на старосната граница за кривична одговорност од 14 на 12 години, преку измени на Кривичниот законик и Законот за малолетни сторители на кривични дела и кривична заштита.
Иницијативата „Стоп за Вардариште“ испрати демант за ијзавата на В.Д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, дека нивните протести се поврзани или под влијание на политичка партија или организација.
„Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска, режисерката двојно номинирана за „Оскар“ е откупен од National Geographic Documentary Films, еден од најреномираните светски дистрибутери на документарни остварувања. Филмот годинава ја доби „Наградата на Музата“ за најинспиративен филм на Биеналето во Венеција, предизвика овации на преполните проекции во Торонто, а стана и македонски кандидат за наградата „Оскар“ за најдобар интернационален филм. Ова е прв пат во историјата на македонскиот документарен филм да биде откупен од овој светски канал.
Три филма најтрофејниот макеоднски режисер Милчо Манчевски, деновиве имаат проекции на разни меридијани. Најпрвин „Кајмак“ беше прикажан во Калкута, Индија, на 9 септември, како дел од Европскиот филмски фестивал. „Прашина“ се прикажува овој месец и идниот месец во повеќе градови низ Хрватска во организација на македонската Кинотека. „Пред дождот“ ќе биде прикажан во Париз на Универзитетот Сорбона Нувел во соработка со Астер фестивалот на 3 октомври, соопшти „Банана Филм“.
Врз основа на податоците од Анкетата за приходите и условите за живеење, која се спроведува во согласност со препораките на Европската Унија, Државниот завод за статистика (ДЗС) ги пресмета лаекенските индикатори за сиромаштија за 2023 година. Основа за пресметките на сиромаштијата се приходите, а прагот на сиромаштијата е дефиниран на 60 % од медијалниот еквивалентен приход.