Author: Marija Todorovska
Собраниската Комисија за финансирање и буџет претпладнево ја продолжи расправата по амандманите на Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот за 2025 година.
Пристигна технологија која веќе го менува начинот на кој се изведуваат операции низ светот. Станува збор за ExcelsiusGPS™️ – првиот и единствен роботски навигациски систем во светот што овозможува хируршки зафати на ‘рбетниот столб и на мозокот со неверојатна прецизност и сигурност. Оваа напредна технологија ја носи водечки производител на медицински уреди, Глобус Медикал со цел да го модернизира здравствениот систем и да понуди врвна нега за пациентите во државава. Роботот се користи во водечки болници низ САД, Европа и Азија и сега по првпат е достапен и во регионот.
Воопшто првиот лек против маларија наменет за бебиња и многу мали деца, е одобрен за употреба. Се очекува лекот да биде достапен во африканските земји во наредните неколку недели, објави „Би-би-си“.
Силно и неочекувано невреме утринава околу 9 часот го погоди Сплит, предизвикувајќи хаос во сообраќајот и сериозни штети низ градот.
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска одговарајќи на новинарски прашања изјави дека се уште не предложила наследник за членот на Судскиот совет Милјазим Мустафа, чиј мандат истекува утре, бидејќи како што вели, ја критикувала работата на овој Судски совет, како и, посочи, лошиот закон за Судски совет, во којшто критериумите за избор се несоодветни. Вели дека ќе го почека донесувањето на новиот закон за судски совет во Собранието.
Повеќе од 6.600 луѓе утрово тргнаа од босанското населено место Незук кон Поточари во рамки на 21. издание на Маршот на мирот, што се одржува во знак на сеќавање на жртвите од геноцидот во Сребреница.
Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција поднесе Обвинителен предлог против осум лица вработени во КПУ Затвор Скопје.
Реакција на ЈП Лајка по изјавата на градоначалникот на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Град Скопје , Орце Ѓорѓиевски, во која вели дека претпријатието не е ефикасно во справување со проблемот со бездомни кучиња:
Волонтерите на Црвениот крст и денеска се активно ангажирани на терен, обезбедувајќи поддршка во справувањето со пожарот кој беснее во регионот.
Претседателот на САД, Доналд Трамп синоќа потпиша извршна наредба со која се пролонгира стапувањето во сила на така наречените реципрочни американските царини до 1 август. Претходниот рок за завршување на трговските преговори за царините истекува денеска. Трамп потврди дека ќе ги воведе царините од 25 проценти за стоки од Јапонија и Јужна Кореја од 1 август, доколку дотогаш не се постигне договор. Трамп синоќа објави воведување царини од 30 проценти на увозот од Босна и Херцеговина и 35 проценти на увозот од Србија, според писмата до лидерите на земјите, објавени на социјалната мрежа Трут Соушл. Новите стапки се пониски од…
Бројот на загинати од разорните поплави во американската сојузна држава Тексас на 4 јули достигна 104 лица, додека спасувачките тимови продолжуваат со потрага по исчезнатите во надојдените реки и расчистување на паднатите дрвја.
Атина: Поради високите температури најавени за денеска, во периодот од 13 до 17 часот, Акрополот во Атина ќе биде затворен за туристи.
