Author: Marija Todorovska
Авиокомпаниите ќе бидат принудени да откажат 40 проценти од летовите што полетуваат или пристигнуваат на аеродромите Шарл де Гол и Орли во Париз утре, еден ден пред почетокот на летните одмори, поради штрајк на контролорите на летање, објави Француската генерална дирекција за цивилно воздухопловство (ДГАЦ).
Израелската армија употреби бомба од 230 килограми во нападот врз кафуле во Газа во понеделникот, а експертите велат дека употребата на таква муниција може да претставува воено злосторство, објави денеска „Гардијан“.
Во текот на вечерта во Србија повторно се приведени повеќе студенти и граѓани. Полицијата продолжила со разбивање на блокадите, но „граѓанската непослушност“ исто така продолжува со блокирање на неколку локации.
Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје денеска соопшти дека е регистрирана енормно зголемена потрошувачка на вода, особено во попладневните часови. Според податоците од системот за мониторинг и мерење на дневната потрошувачка, на 23 јуни биле потрошени рекордни 356.000 кубни метри вода, што значи дека просечната потрошувачка изнесувала околу 700 литри по жител.
Од космодромот „Кејп Канаверал“ вчера во земјината орбита успешно беше лансиран европскиот сателит „Коперник Сентинел-4“, кој ќе има задача да ги следи квалитетот на воздухот и загадувањето во Европа, соопшти денеска Европската комисија.
Ребалансот на Буџетот за кој денеска почна општата расправа во Собранието, за пратениците од ВМРО-ДПМНЕ гарантира економски раст и подобрување на животниот стандард и е порака за домаќинско управување со државните финансии, развоен, визионерски и реален. За пратениците од СДСМ, пак, ребалансот не е насочен кон продуктивен развој и е огледало на фискална неодговорност, го прикрива она што било ветено, а не било испорачано.
Пензионерите, кои пред повеќе од една година протестираа за линеарно зголемување на пензиите, денеска од Свети Николе побараа и годинава да добијат линеарно покачување на пензиите, наместо процентуално. Трајче Станојков член на Иницијативниот одбор од Општина Свети Николе вели дека актуелните мерки за усогласување на пензиите, кои се засновани на процентуално зголемување, не се доволни и не обезбедуваат фер распределба на средствата.
Предметот за пожарот во дискотеката „Пулс“, оформен од Основното јавно обвинителство – Кочани, денеска е префрлен од Основниот суд Кочани во Основниот кривичен суд Скопје, согласно решението на Врховниот суд на РСМ, со кое се утврдува дека скопскиот суд е стварно и месно надлежен за оценка на обвинителниот акт.
Фатмир Сабриу од ВЛЕН денеска соопшти дека партијата ќе поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство – Скопје против тогашното раководство на Државниот завод за статистика, други одговорни и раководни лица во врвот на поранешната Влада на ДУИ и СДСМ, како и други лица во врска со пописот на населението.
Пратеничката С.П. од Скопје, денеска во два часот во Полициската станица – Кисела Вода пријави дека околу 23 часот на булеварот „Србија“, едно лице, кое било со патничко возило „мерцедес“ ѝ упатило закани, информираа попладнево од Министерството за внатрешни работи.
Секое доцнење или одложување на американските испораки на оружје за Кијив ќе ја охрабри Русија да ја продолжи својата инвазија, соопшти денеска украинското Министерство за надворешни работи, откако го повика американскиот вршител на должност во Амбасадата на САД.
