Author: Zoran Ivanov
Мерката „ефективен притвор“ за поранешните градоначалници на Кочани, Ратко Димитриевски и Николчо Илијев е заменета со куќен притвор, а во куќен притвор оди и поранешна директорка на Државниот пазарен инспекторат. Ваква одлука донел Основниот суд во Кочани постапувајќи по жалбите на 17 осомничени за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Американскиот претседател Доналд Трамп призна дека Русија м„игра на време“ и се обидува да го одложи постигнувањето на целосно примирје со Украина. Но, и натаму верува дека Москва на крајот на краиштата сака да ја заври војната.
Обвинетиот Боре Видевски и денеска ги негираше исказите дадени во обвинителството посочувајќи дека нема никаква поврзаност со убиствата на Вања и Панче. На судењето во Основниот кривичен суд во Скопје тој денеска одговараше на прашања на обвинетиот Палевски и на судечкиот совет. Претходно, обвинителките ги прочитаа неговите искази дадени во текот на истрагата во декември 2023 година во кои во едниот Видевски ги признава злосторствата, а потоа вели дека бил под тортура и присилен да го каже тоа.
Копенхаген: Данска ќе воведе задолжителен воен рок за жените една година порано од првично планираното – од 1-ви јули 2025 година, потврди министерот за одбрана Троелс Лунд Поулсен.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека 117 руски беспилотни летала ја нападнале земјата синоќа, гаѓани биле градовите и инфраструктурата.
Младиот Јован Костадинов, деветнаесетгодишникот кој спаси 21 дете при трагичниот пожар во дискотека во Кочани, по краткиот престој во болница, вчера се врати на училиште, каде соучениците и наставниците го пречекаа како што доликува – како херој.
Договорот за прекин на огнот во Црното Море ќе биде „победа на Владимир Путин“, пишува влијателниот британски весник Тајмс, а пренесува украинскиот медиум „Политика страни“.
Одлуката на Зоран Љутков, министер за култура и туризам да го назначи Мустафа Имери за директор на Македонската филхармонија е уште една потврда дека во оваа земја не се почитуваат законите, дека продолжуваат да се спроведуваат конкурси на нетранспарентен и незаконски начин и дека партиска книшка и договор се единствена валидна референца за добивање раководни позиции, реагираат од Синдикатот на Македонската филхармонија. Љутков, додаваат оттаму, донел политичка, наместо правно издржана одлука и наместо да го дисфалификува, тој решил на незаконски начин да го назначи за директор кандитатот кој на конкурсот не ги доставил сите потребни документи и со тоа ги…
Не сум сигурен дека гледам причина зошто даночниот обврзник треба да биде принуден да субвенционира NPR и PBS, рече претседателот на FCC, Брендан Кар. Али Бјанко / Џон Хендел Администрацијата на претседателот Доналд Трамп започна војна со јавните медиуми. Неговите сојузници во Конгресот се желни да го носат транспарентот. Извршниот директор на NPR и претседател Кетрин Махер и извршниот директор на PBS и претседателката Пола Кергер треба да се појават во среда пред Поткомитетот за надзор на Домот за спроведување на ефикасноста на владата, со кој претседава пратеникот Марџори Тејлор Грин (R-Ga.) и беше лансиран како придружник на владиниот Оддел за ефикасност на Елон…
СДСМ реагира на досегашната истрага околу пожарот во Кочани обвинувајќи дека таа е селективна и фокусирана само на поранешни функционери, иако и сегашните имаат одговорност за непостапувањата.
Елбасан: Земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во 08:08 часот во Албанија.
Имабари: Шумски пожари зафатија најмалку две области во западниот дел на Јапонија, оштетувајќи голем број домови и принудувајќи десетици жители да се евакуираат додека стотици пожарникари се борат со пожарот што се проширува низ планинските предели.