Author: Zoran Ivanov
Во главниот град на Србија денеска попладне (16 часот) се очекува да почне голем протест предводен од судентите во блокада, што се смета за кулминација на 3,5-месечните демонстрации поради загинувањето на 15 лица при уривање на реконструирана настрешница на ќелезничката станица во Нови Сад.
Коридорот 8 е национален приоритет за Бугарија, велат од бугарското Министерство за транспорт и врски, од каде ги демантираат денешните написи во медиумите дека Бугарија се откажува од изградбата на Коридорот низ земјата и дека ги одложила градежните активности на пругата кон Македонија.
Тито Беличанец: Мицковски спротивно на уставните овластивања како премиер и етиката и моралот кој е обврзен белег на секој кој врши јавна фунција грозно и насилнички се однесува кон правната држава и владеење на правото. на Го прогласи за неважечко правило за презумција на невиност и према сите кои наумил дека се криминалци ги навредува судиите и обвинителите зошто не постапуваат според неговиот критерум за правда и се нафрла на нив со најтешки квалификации како мафиози и злочинци. Ако судиите, обвинителите, адвокатите и сета правна фела на чело со професорите од правните факултети не стапат во еднодневен или подолг штрајк…
Парламентарното мнозинство предводено од ВМРО ДПМНЕ и ВЛЕН целосно го ставаат под контрола законодавниот дом и вршат атак врз демократијата во Собранието на Република Северна Македонија.
Како што вели студентката Марија Мачек, не се плашат од најавените нереди, бидејќи сметаат дека лесно ќе се препознае „кога некој се однесува како индивидуа, а кога како дел од колектив“. Сепак, таа посочува дека дополнителен проблем ќе биде како да се заштитат студентите кои кампуваат пред Претседателството, членови на т.н. Група студенти 2.0, кои се против блокадите на факултетите. Ива Манојловиќ Крај на „обоената револуција“, Денот Д или уште еден во низата протести по кои се ќе остане исто? Од претстојниот протест на 15 март во Белград се очекува многу. Што реално може да се постигне? По еднодневна блокада…
Премиерот Христијан Мицкоски синоќа изјави дека не планира да се гласаат уставните измени, се додека Бугарија не ги преземе своите обврски кои што ги има преземено, а тоа е да ги почитува правата на сите малцинства.
Нук: Премиерот на Гренланд во заминување Муте Егеде најави дека ќе свика состанок со лидерите на сите партии за да испратат заеднички и остар одговор на најновите изјави на американскиот претседател Доналд Трамп за анексија на островот.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија дека намерно го одолговлекува процесот за постигнување мировен договор, пренесе.
Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО Марк Руте. Главна тема на средбата е војната во Украина и актуелната ситуација со предложениот едномесечен прекин на огнот, а средбата се одржува во Белата куќа зад затворени врати, објавија повеќе новински агенции.
Бугарскиот Уставен суд го прогласи за незаконски изборот на 16 народни пратеници. Одлуката на судот е објавена на веб-страницата на институцијата.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија дека намерно го одолговлекува процесот за постигнување мировен договор.
Известувачот на Европскиот парламент за Северна Македонија Томас Вајц во пишана изјава до медиумите реагираше на, како што се посочува, „притисокот на владината коалиција членовите на Судскиот совет да поднесат оставки или да бидат разрешени поради нивната наводна политичка припадност“.