Author: Zoran Ivanov
Идниот премиер на Гренланд, Јенс Фредерик Нилсен, ги отфрла идеите на Трамп за американско преземање на островот.
Вчерашната седница не промени ни една точка во правосудството, освен што власта си обезбеди изговор пред гласачите, кој би гласел „еве, се обидовме, но не се повлекоа“, иако биле целосно свесни колку им се врзани рацете кога го напишале во изборната партиска програма. За жал, целата оваа епизода, само дополнително ги бетонира исцртаните обрасци на однесување – власта која сака да воспостави поголемо влијание и Судскиот совет, кој, ем не сака никој да се меша во нивната работа, ем не си ја врши својата работа како што треба.
Софија: Пред зградата на Судската палата во Софија вечерва се одржа протест под мотото „#КОЈ ја блокира уставната реформа“, а граѓаните изразуваат поддршка за владеењето на правото и за фер и транспарентни избори. Настанот е организиран од граѓанската иницијатива „Правда за секого“ и беше најавен преку социјалните мрежи.
Американскиот државен секретар Марк Рубио денеска изјави дека се надева дека прекинот на огнот меѓу Русија и Украина може да се случи во рок од неколку дена доколку руските лидери се согласат и дека тој планира на состанокот во Канада оваа недела да ги натера дипломатите од Групата 7 да се фокусираат на завршување на војната.
Власта не прави никакви реформи – тоа што се случуваше во Собранието со интерпелацијата на дел од Судскиот совет за СДСМ и за целата демократска јавност претставува упад во правната држава и комплетно кршење на Уставот, рече заменик претседателката на СДСМ Фани Каранфилова Пановска вечерва во вестите на ТВ Сител. Каранфилова Пановска рече и дека ваквата постапка на извршната власт и на владеачкото мнозинство во Собранието не претставува „ништо друго освен кршење на уставните начела на владеење на правото и на поделба на власта“, а дополнително постапката за петмина членови на Судскиот совет, за кои беше поднесена и изгласана интерпелација,…
Уште еднаш потсетуваме дека Европскиот консензус од јули 2022 година, одобрен од сите земји-членки на ЕУ и Скопје, останува валиден патоказ за напредокот на соседната земја во нејзиниот пристапен процес. Зачудувачки е што обврските преземени од Република Северна Македонија од страна на нејзиниот премиер се доживуваат како „мешање во нејзините внатрешни работи“. Ова се наведува во реакцијата на Министерството за надворешни работи на Бугарија на, како што се посочува, „последователните јавни настапи на премиерот на Република Северна Македонија“.
Рускиот претседател Владимир Путин денеска ја посети Курската област за првпат откако украинските сили извршија изненаден напад врз регионот во август минатата година, јавиТАСС, повикувајќи се на портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Американскиот претседател Доналд Трамп, пред средбата со ирскиот премиер во Белата куќа, рече дека САД добиле „некои позитивни пораки“ за прекин на огнот со Украина, по вчерашните разговори во Саудиска Арабија. Се надевам дека ќе постигнеме прекин на огнот, им рече Трамп на новинарите, додавајќи дека „сега зависи од Русија“. Штотуку мојата екипа ја испратив и во моментов е на пат за Русија, додаде американскиот претседател. Можеме да извршиме притисок врз Русија. Се надевам дека нема да биде потребно, но можеме да го направиме тоа на Русија, рече Трамп. – Можам да направам некои многу лоши работи финансиски за Русија,…
Москва нема да прифати присуство на војници на НАТО во Украина како мировници под никакви услови, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Четири лица загинаа во руски ракетен напад врз пристаништето во Одеса, објавија украински извори.
Обвинителството на Босна и Херцеговина, чии активности и делување се забранети во Република Српска, издаде наредба до правосудната полиција да ги приведе претседателот на Република Српска Милорад Додик, премиерот Радован Вишковиќ и претседателот на Националното собрание на Република Српска, потврдиле за РТРС од кабинетот на Владата на Република Српска.