Author: Zoran Ivanov
Ангела Агелер: Не мора да ние да им даваме докази или информации на тукашните институции. Доказите се достапни. Ако ние можеме да ги најдеме, можат и македонските институции. Линк
Итно и системско справување со загадувањето на воздухот преку имплементација на ефикасни мерки кои ќе го заштитат здравјето на граѓаните и драстично ќе го намалат аерозагадувањето е барањето од протестниот марш против аерозагадувањето во Скопје организиран од Иницијативата „Зелен Хуман Град“ што попладнево се одржува во главниот град.
Ако се плашиме сега од нерамноправност, тогаш, кога ќе ги едуцираме сите луѓе до еден – дека толеранцијата е запознавање и човечка љубов? Дека инклузијата е солидарност и човечка љубов? Дека прогресивноста е корист за сите од човечка љубов? Дека демократијата е социјална машина што им служи на сите за да ја поткрепува меѓусебната љубов, поддршка, солидарност, за секој да ја искуси благосостојбата од вмреженоста?
Јас сум на становиште дека Македонците како мнозински народ со многу специфичен статус, мораат да пројават поголема деликатност кон позициите на Албанците. Тоа што еманципацијата на Албанците одеше на сметка нз некои монополи и ексклузивитети на Македонците, не е загуба за вторите затоа што тие други ресурси за хармонизирање на внатрешните односи немаат, а за тие отстапки и, како што велат, жртви, добија непроценлив капитал во форма на време, мир и билети за Брисел.
Роман Бусаргин, гувернер на руската област Саратов, објави дека беспилотни летала нападнале воен аеродром лоциран во регионот.
Не треба да се потцени дрскоста на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Ако пропадна сириската тиранија, зошто да не се обидеме да ја собориме и во Иран? Нетанјаху веќе не можеше да одолее на искушението да ги надмине обичните одбранбени мерки: тврдејќи дека договорот од 1974 година со кој се регулира поделбата на силите меѓу Израел и Сирија пропадна, тој им нареди на израелските трупи да ја преземат контролата и врз сирискиот дел на планината Хермон како тампон зона на суверена територија на Сирија и доминантните позиции во непосредна близина на неа.
Володимир Зеленски кажа дека прифаќа дипломатско решение на војната во Украина и предложи распоредување странски војници во земјата додека таа не влезе во НАТО. Ова е последниот сигнал од Киев дека е расположен за преговори додека се чека враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа.
Амбасадорката на САД во земјава, Ангела Агелер денеска на прес-конференција информираше дека поранешниот вицепремиер Артан Груби и апелацискиот судија Енвер Беџети се ставени на американската црна листа поради политичко мешање и обиди за оцрнување на судството во државата. Таа подвлече дека на нив и на нивните најблиски им е забранет влезот во САД, а во Вашингтон во меѓувреме се разгледуваат и дополнителни санкции.
Израелската армија e на околу 25 километри југозападно од Дамаск пo нејзиниот упад во Сирија, соопштија денееска сириски безбедносни извори, откако Израел зазеде тампон зона на југот на земјата и изврши воздушни напади врз сириската армија и воздушните бази во текот на ноќта.
Анџела Агелер: САД ќе продолжат да ги ставаат на црна листа оние кои се впуштаат во голема корупција, која ги поткопува демократските институции и ја поткопува довербата на јавноста. Никој не е над законот, а одговорноста е од витално значење за напредокот. Линк
Башким Селмани: Криминалот и корупцијата го погодија и Специјалното обвинителство. Од тој момент Соединетите Американски Држави се главниот иницијатор за функционирање на правната држава. Ова е многу лоша порака од Стејт департментот за функционирањето на владеењето на правото. Во правдата се вели дека нема криминал без траги. Ова е морално право со кое Северна Македонија мора директно да се справи и да се бори против криминалот и корупцијата за да не чека некој однадвор да покаже кои се авторите на ваквите ситуации. Затоа, таа е последната порака, каде што Северна Македонија мора да се соочи со криминалот и институционалниот криминалитет…