Author: Zoran Ivanov

Проверено, за било какво дестабилизирање на државата најпрвин се креираат меѓуетнички тензии. Но, политичкото прифитерство на партиите, од било која страна, реториката на омраза ја сеат кај младите. Па затоа, оние што палеа знамиња, македонското и албанското, оние што беснееја по улиците, скандираа и беа млади луѓе и малолетници.

Read More

Единечното помилување во неделата се случи во периодот откако демократите ја загубија Белата куќа на изборите во ноември, но додека Бајден е сè уште претседател. Токму во овие последни недели на функцијата претседателите често ја користат својата моќ за помилување на најконтроверзните начини.

Read More

Весна Дамева: Претседателот на Владата Христијан Мицкоски токму од собраниската говорница изнесе наводи дека во Судскиот совет, со кој раководам, има некави кланови и се фалсификуваат записници. Воедно, во неколку наврати тој, како и политичари од сегашната власт се обраќаа со негативни ставови за членови на Судскиот совет, нивна поврзаност со одредени политичари од претходната власт и сето тоа во насока да се претстави во јавноста дека јас или пак членовите на Советот не ја извршуваме функцијата професионално, стручно, совесно и одговорно, а Судскиот совет, заедно со Советот на јавни обвинители беа посочени како тела кои треба да бидат распуштени.…

Read More

Грузиската полиција рано утринава го уапси еден од лидерите на најголемата опозициска партија Коалиција за промени, Зураб Јапариџе, откако употреби водени топови и солзавец против учесниците на демонстрациите што четврта ноќ по ред се организираа пред зградата на парламентот во Тбилиси.

Read More

Поглаварите на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Исламската верска заедница, Католичката црква, Евангелистичко-методистичката црква и Еврејската зедница ги повикаа сите македонски граѓани да не потклекнуваат пред обидите за нарушување на соживотот во државата.

Read More

Патувањето на ЦИВИЛ – Центар за слобода сиве овие 25 години од нашето основање во македонското општество, ако може накратко да се опише најсоодветно би требало да се каже дека беше исклучително тешко или малку жаргонски речено „оф-роуд“. Тоа е така бидејќи станува збор за секојдневна макотрпна работа од четвртина век од нашето основање. Работа исполнета со безброј предизвици на дневна основа во која ЦИВИЛ беше активен секој ден. За сето ова време испорачавме над стотици успешни проекти, организиравме безброј настани и изградивме медиумска платформа која прерасна во важен јавен простор за политички дијалог и еден од темелите на општествениот…

Read More

Претседателот на САД Џо Бајден синоќа објави опширно помилување за својот син Хантер за сторени кривични дела од 2014 до 2024 година. Со ова тој предизвика лавина од реакции меѓу републиканците и сопартијците демократи. Бајден во неколку наврати годинав ана прашања од новинари потврди дека нема да посегнува по помилување за својот син.

Read More

Вашингтпн: Откако американскиот претседател Џо Бајден ја искористи можноста да го помилува својот син Хантер, се огласи и новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп кој остро го критикуваше Бајден за таквиот потег.

Read More

Тито Беличанец: Најголемата трагедија на еден значаен број етнички Македонци од Егејскиот дел е што РС Македонија со сите уставни белези не ја сметаат за единствена остварена држава која им овозможува остварување на државјанство, односно статус на граѓанин кој може да го употребува својот мајчин јазик и сите права и што е најважно од која можат да ги подржат етничките Македонци во соседните земји од кои се прогнани. И преку која ќе можат како членка на ЕУ, преку нејзините институции, (судови и други), да бараат репарација и поврат на имотни и други права кои им се насилно и незаконски одземени.…

Read More