Author: Zoran Ivanov

Претставниците на Европскиот парламент со повеќе од половина од мнозинството гласови ја избраа новата Европска комисија предводена вторпат од Урсула фон дер Лајен, која ја презема функцијата в недела, 1 декември.

Read More

Советот на јавните обвинители ја оцени одлуката на Антикорупциската комисија за отповикување на нивните членовите во управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители поради потенцијален судир на интереси како неподобна и противречна.

Read More

Ние нашите црвени линии ги дефиниравме. И од тоа ниту ние, ниту кој било ќе се помести, ниту милиметар. Не затоа што имаме какви било причини за да правиме напред или назад, туку едноставно доволно граѓаните на Македонија и македонскиот народ отстапивме, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Read More

Сиднеј: Долниот дом на австралискиот Парламент усвои закон со кој може да се забранат социјалните мрежи за деца под 16 години, што е една од најстрогите контроли на социјалните мрежи во светот.

Read More

Венко Филипче: Изразив загриженост и укажав дека сметам дека треба да реагира за некои работи кои сметам дека се во нејзина надлежност и ингеренции. Тоа, пред сè, е партизацијата која се случува во дел од безбедносните структури. И` укажав на ризикот што сметаме дека може да биде многу голем доколку настане фузија на двете безбедносни агенции ако се продолжи со ваква партизација, а имајќи и предвид дека сме имале лошо искуство во минатото и дека, една таква гломазна партизирана институција, може да се злоупотреби. Затоа сметаме и затоа реагираме дека треба да се запре партизацијата која се случува во Агенцијата…

Read More

Тони Дескоски: Во правниот систем постојат правила што им даваат надлежност на органите за вршење на избор и именување на лица на функции. Но, во истите тие акти понекогаш е дефиниран и Предлагачот кој е овластен /надлежен да даде предлог за избор или именување на одредено лице на некоја функција. Без предлог од овластениот предлагач, рацете на органот надлежен за избор му се „врзани“, односно тој не може да врши избор или именување. Така на пример, според член 84 од Уставот, Претседателот на Републиката ги поставува и ги отповикува со указ амбасадорите и пратениците на државата во странство. Но, според…

Read More

Во Брисел денеска се одржа состанок на Советот НАТО-Украина (НУЦ) на кој амбасадорите разговараа за безбедносната ситуација во Украина по руското лансирање на експериментална балистичка ракета со среден дострел (ИРБМ) минатата недела.

Read More