Author: Zoran Ivanov
Украинскиот парламент ја откажа седницата поради нова закана од напади.
Советникот за национална безбедност на Јужна Кореја, Шин Вон-сик денеска изјави дека Русија и предала на Северна Кореја противвоздушни ракети и опрема за противвоздушна одбрана во замена за испраќање севернокорејски војници да се борат против Украина.
Лондон: Отпад за кој се верува дека е радиоактивен е пронајден во вреќи со ѓубре во близина на основно училиште во Хамерсмит, Лондон, што предизвика евакуација на најмалку дванаесет домаќинства.
Кина денеска ги повтори повиците за „смиреност“ и „воздржаност“ на сите страни во војната во Украина, откако Русија потврди дека истрелала експериментална хиперсонична балистичка ракета, пишува. Сите страни треба да останат смирени и да покажат воздржаност, да работат на деескалација на ситуацијата преку дијалог и консултации и да создадат услови за предвремен прекин на огнот“, рече портпаролот на Министерството за надворешни работи, Лин Џијан, на редовниот брифинг. Рускиот претседател се закани со натамошни напади, велејќи дека Москва „има право“ да ги нападне западните земји кои го снабдувале Киев со оружје против цели во Русија. НАТО и Украина во вторник во…
Кинеското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека ќе ја прошири политиката на безвизен режим за уште девет земји, меѓу кои и Северна Македонија. Помеѓу 30 ноември 2024 година и 31 декември 2025 година, политиката за ослободување од визи ќе се применува за обичните носители на пасоши и од Бугарија, Романија, Хрватска, Црна Гора, Малта, Естонија, Летонија и Јапонија, соопшти на прес-конференција во Пекинг портпаролот на МНР на НР Кина, Лин Џијан.
Професорите Авзи Мустафа и Африм Османи денеска ја добија државната награда „22 Ноември“ за 2024 година. Оваа награда се доделува како признание на луѓе од политичкиот, културниот и општествениот живот, кои дале свој придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери во државата.
Брисел: НАТО и Украина идната недела во Брисел ќе разговараат за руското лансирање на експериментална хиперсонична ракета со среден дострел, соопштија денеска дипломати.
Ескалацијата на конфликтот во Украина, вклучително и вмешувањето на севернокорејски војници, целосно е во рацете на Русија, изјавија синоќа во Белата куќа.
Париз и Лондон нема да дозволат рускиот претседател Владимир Путин да „одреди нови принципи на меѓународните односи“ и ќе го спречат да ги „оствари своите цели“ во Украина, соопштија синоќа шефовите на француската и британската дипломатија
Германија почна поинтензивно да работи на подготовките за можни кризни ситуации, вклучително и воени сценарија кои директно би влијаеле на земјата. Според весникот Франкфуртер алгемајне цајтунг, Бундесверот развил стратешки документ наречен „Операционен план Германија“, во кој се детализирани улогата на економијата и клучните инфраструктурни сектори во случај на вооружен конфликт.