Author: Zoran Ivanov
Ерусалим: Две ракети синоќа паднаа во близина на приватната резиденција на премиерот Бенјамин Нетанјаху во градот Цезареја, во центарот на Израел, соопштија безбедносните служби и го опишаа како сериозен случај.
Руските сили извршија масовен напад врз енергетските капацитети кои ја снабдуваат украинската воена индустрија, соопштија руските новински агенции, повикувајќи се на Министерството за одбрана во Москва.
Во текот на оваа ноќ и утрото, руските терористи користеа дронови од различни типови, вклучувајќи Шахеди’, крстосувачки, балистички и аеробалистички ракети: Циркони, Искандери, Кинжали или околу 120 ракети и 90 дронови, рече претседателот Зеленски во видео обраќањето на Телеграм.
Експлозии ја потресоа украинската престолнина Кијив и други градови, а соседна Полска ја зголеми тревогата за авиони во раните утрински часови денеска откако двете земји пријавија масовен руски ракетен напад.
Главната пречка за влез на Украина во Европската унија е корупцијата, се наведува во соопштението на канцеларијата на генералниот инспектор на Пентагон.
Три дена пред црниот јубилеј од 1000-дневна целосна руска агресија против Украина, воздушните тревоги продолжуваат. Рускиот терор од воздух е насочен против цивилни цели, како цинична казна и покритие за неуспехот на бојното поле.
Вукси: Најмалку осум лица загинаа, а 17 се ранети денеска кога 21 годишен студент изврши напад во источниот кинески град Вукси, соопшти локалната полиција.
Израелските копнени сили навлегоа во најдлабокиот дел на либанската територија од почетокот на копнената операција пред шест недели, пред да се повлечат денеска по судирите со членовите на милитантната група Хезболах, објавија либанските државни медиуми.
Според резултатите од двегодишниот мониторинг спроведен од Демостат, програмата на јавниот сервис Радио-телевизија на Србија – РТС, во своите вести покажува дека ја фаворизира Русија на софистициран начин, без отворена пропаганда и секако без говор на омраза, но со јасна пристрасност.
Кијив: Поранешниот украински министер за надворешни работи Дмитро Кулеба денеска изјави дека со поканата на германскиот канцелар Олаф Шолц до рускиот претседател Владимир Путин, рускиот лидер излезе од европската изолација и дека Германија го отворила патот веднаш по Унгарија.
Предлагам ротирачко претседателство меѓу Русија, Северна Кореја, Кина и уште неколку високо квалификувани режими. Демократскиот принцип овде е јасен: да се отвори вратата за сите што демонстрираат мајсторство во уметноста на угнетувањето и државничките вештини на силниците. Џабир Дерала Почитувани меѓународни организации, На овој Меѓународен ден за толеранција, ви се обраќам со вистински визионерски предлог. Ајде да воспоставиме Меѓународен ден на толеранција за тирани. Таков ден ќе ги одбележи напорите на владите и меѓународните организации во поттикнувањето на акција за прифаќање, толеранција и – конечно – целосна послушност кон тираните. Ова е кауза што вреди да се слави, особено бидејќи продемократските…