Author: Zoran Ivanov
Скопје: Културно-информативниот центар денеска ќе ја одбележи 80-годишнината од ослободувањето на Скопје со настанот „Поетот и градот“. Настанот ќе се одржи во салонот Империјал 2 со почеток во 12 часот.
Зголемувањето на економската и воената соработка на Русија со Кина, Северна Кореја и Иран ги загрозува Европа, Индо-Пацификот и Северна Америка, предупреди генералниот секретар на НАТО Марк Руте. Во очигледната порака до новата американска администрација додека новоизбраниот претседател Доналд Трамп се подготвува да ја преземе функцијата, Руте ја истакна важноста на трансатлантското единство и континуираната поддршка за Украина во нејзината војна со Русија, пренесуваат медиумите во регионот.
Дрон од Либан денеска удри во градинка во близина на градот Хаифа на северот на Израел. Нема повредфено дете бидејќи децата навремне биле склонети во засолниште.
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во рамки на учеството на Самитот за климатски промени, КОП29, во Баку оствари средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан.
Европскиот парламент ќе одржи вонредна седница на 19 ноември во Брисел, за да одбележи 1000 дена од почетокот на руската воена агресија против Украина, соопшти претседателката на ЕП, Роберта Мецола.
Руските сили го претрпеа најсмртоносниот ден од почетокот на целосната инвазија на Украина, според бројките објавени од Киев денеска
Москва: Пожар избувна во руско складиште за нафта во Белгородската областа откако беше погодено со украински дрон.
Денеска од под урнатините на петкатница во украинскиот град Криви Рих беа извлечени телата на трите деца кои беа убиени во напад на руските сили во понеделникот, пренесува Укринформ.
Хаг: Десетици луѓе вооружени со палки и петарди вчера запалија трамвај во Амстердам, соопшти холандската полиција, наведувајќи дека се зголемиле тензиите во градот по минатонеделната насилна пресметка меѓу навивачите на израелскиот фудбалски клуб Макаби и амстердамски Ајакс.
Скопје: Во Собранието денеска е закажана седница на Комисијата за надзор на работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање со единствена точка на дневен ред – Информација за незаконското именување на директор на Агенцијата за национална безбедност поднесена од пратеници од опозициската СДСМ.