Author: Zoran Ivanov
Неден руски проектил денеска не стигна до Украина откако украинските воздухопловни сили прогласија тревога поради големиот број бомбардери кои полетале од руска територија првпат по повеќе од два месеца
Вашингтон: Новоизбраниот претседател Доналд Трамп изјави дека и понудил на републиканската конгресменка Елиз Стефаник функцијата амбасадор на САД во ОН објавија американските медиуми.
Русија собрала околу 50.000 војници, вклучително и севернокорејските сили, во подготовка за офанзива за враќање на територијата заземена од елитните украински војници во руската област Курск, потврдија американски и украински претставници за Њујорк Тајмс.
Според агенцијата Ројтерс, Трамп и Путин разговарале во изминатите денови. Од украинското министерство за надворешни работи рекоа дека не биле претходно известени за разговорот.
Поради наноси од снег, од 07:00 часот во прекин е сообраќајот за тешки моторни возила на патниот правец Кратово – Пробиштип, соопшти АМСМ
Земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала ја потресе источна Куба, по неколкуте урагани и долги прекини на струја кои оставија многумина на островот да живеат во страв и неизвесност.
Арбен Таравари од Алијансата за Албанците изјави дека е оптимист дека пред Нова година земјата ќе ги спроведе уставните измени за вклучување на Бугарите во Уставот, со што ќе се деблокира евроинтегративниот пат.
Доналд Трамп Јуниор, син на новоизбраниот американски претседател, на својот Инстаграм профил објави фотографија на која се потсмева на украинскиот претседател Володимир Зеленски.