Author: Zoran Ivanov
Европа на прво место. Дали Брисел, кој зависи од американските инвестиции и одбрана, кинеската технологија и производи, ќе може да го спроведе панданот на максимата на Доналд Трамп во следните години, депримиран од изборот на новиот станар на Белата куќа?
Тел Авив: Стотици луѓе се собраа на протест пред штабот на израелската армија во Тел Авив, барајќи договор за ослободување на заложниците во Газа и на одбележување на 400-от ден од нивното киднапирање, на 7 октомври минатата година.
Лондон: Руските сили во текот на минатиот месец во борбите во Украина имале во просек по 1.500 смртни случаи и повредени дневно, изјави началникот на британскиот воен штаб, Тони Радакин.
Либанското Министерство за здравство денеска соопшти дека најмалку 20 лица загинале во израелски напад врз шиитскиот град Алмат, во претежно христијанската област Џбеил, северно од Бејрут.
Ова е обид за соочување со премолчаното – можноста од нова војна на европско тло, за хибридните тактики на Русија кои долго време ја загрозуваат демократијата на Западот и апетитите што веќе одамна не се тајна скриена во коридорите на Кремљ. Додека Европа ја продолжува со интензивна демократска дебата, добро координираната хибридна војна на Русија ги ослабува демократските системи, отворајќи го патот за нов глобален поредок кој ќе ги претвори човековите права и слободи во далечен спомен. Џабир Дерала Додека демократските институции ширум Европа и светот се соочуваат со растечката закана од дезинформациите и последиците од хибридното војување, структурата на…
На 30. октомври, Европската комисија ги усвои извештаите за проширување за 2024 година со детална процена за напредокот од страна на земјите се стремат да се приклучат на Европската Унија. Извештаите го опфаќаат напредокот на Грузија, Молдавија, Украина, Турција и земјите на Западниот Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија, Србија) на патот кон ЕУ. Оценките се придружени со препораки и упатства за реформите кои секој кандидат треба да ги даде приоритет за да напредува во пристапните преговори. На крајот на октомври, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за време на нејзината четиридневна посета на…
Украина рано утринава лансираше најмалку 25 беспилотни летала во Москва, што е најголемиот напад со украински беспилотни летала досега. Поради нападот привремено беа затворени два аеродроми во главниот град на Русија.
Зоран Иванов Слушам на вести на државната полу партиска тв, репортерот во живо од терен со набабрени вратни жили со трема видлива и со микрофонот тик до премиерот залепен, одговорно е тоа, не е шега, мора автентично да се пренесе премиеровата порака, ако треба дури малку од малку и редакциски и да се поднашминка, но да баталам тоа, темата е премиеровото толкување на изјавата на Словенката Кос, кандидатка за еврокомесарка за проширување која пред европските испитувачи на прашање на бугарски евро провокатор рече дека за земјава да почне преговори државава ќе треба да го спроведе ЕУ условот уставен на што…
Тимот за транзиција на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп синоќа соопшти дека републиканскиот оперативец кој ги претстави потенцијалните контури на мировниот план за Украина со поддршка на САД не зборувал во име на новоизбраниот претседател.
Европската унија работи на 15-тиот пакет санкции против Русија, кои ќе ги зајакнат мерките против заобиколувањето на постоечките санкции, со цел да се изолира руската индустрија од увозот, најави шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел.