Author: Zoran Ivanov

Украинските трупи првпат се судрија со севернокорејските единици неодамна распоредени да и помогнат на Москва во војната со Киев, изјави денеска украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров.

Read More

Европската унија  го предупреди Косово дека и по 11 години не ја исполни клучната обврска од дијалогот што се однесува на формирањето на Заедницата на општини со српско мнозинство на Косово и го повика да го стори тоа без натамошно одлагање.

Read More

Диксвил Ноч:  Традиционално прв резултат на претседателските избори во САД во 2024 година е од малото село Диксвил Ноч, во северниот дел на Њу Хемпшир, јавија американските медиуми. Резултатот е т.н. мртва трка: три гласа за Камала Харис и три за Доналд Трамп.

Read More

Џорџ Вашингтон 30 април 1789 година – 4 март 1797 година Првиот и единствен претседател кој победи едногласно, со сите гласови на избирачкиот колегиум. ————- Џон Адамс 4 март 1797 година – 4 март 1801 година Првиот претседател кој живее во Белата куќа. Еден ден откако се преселил во Белата куќа, Адамс и напишал на својата сопруга Абигејл: „Се молам небото да ја благослови оваа куќа и сите што ќе живеат во неа од сега па натаму. Никој освен чесни и мудри луѓе нека владеат под овој покрив!“ ————– Џејмс Монро 4 март 1817 година – 4 март 1825 година…

Read More

Во седумте држави, како што американците ги нарекуваат „држави на бојното поле“, Аризона и Невада на западот, потоа Џорџија и Северна Каролина на југот и уште трите држави на сверот Мичиген, Висконсин и Пенсилванија, каде што се очекува да биде решен победникот на изборите, процесот ќе биде строго проверуван

Read More

САД проценуваат дека има околу 12,000 севернокорејски војници во Русија, од кои 10,000 се во регионот Курск. Доколку овие војници се вклучат во операции за борбена поддршка против Украина, тие би станале легитимни воени цели, рече портпаролот на Пентагон, Патрик Рајдер, повторувајќи ги коментарите дадени минатата недела од страна на министерот за одбрана Лојд Остин. Тој рече дека Пентагон „ги разгледува“ извештаите за наводните борбени операции на Северна Кореја. Војниците од Пјонгјанг пристигнаа во Русија минатиот месец. Московските сили ги обучувале за пешадиска и артилериска тактика, расчистување ровови и ракување со дронови, соопштија САД. Русите им обезбедиле на севернокорејските војници…

Read More

Непредвидливите и тесни претседателски избори во САД ќе кулминираат денеска кога гласачите низ длабоко поделената земја ќе одлучуваат дали Камала Харис или Доналд Трамп во јануари ќе бидат во Белата куќа.

Read More

Сашо Орданоски: Моите прогнози се дека доколку победи Трамп, покрај традиционалните и добро познати слоеви на поддржувачи што тој ги има во милионското гласачко тело зад себе, тоа особено ќе биде резултат на натпросечната мобилизација на помладите машки, главно бели, гласачи кои, во епохата во која сите живееме, се чувствуваат несигурни, збунети, дури и уплашени за својата иднина, многу од нив се со конзервативни, патријархални ставови, агресивни и раздразнети од општествените промени во кои расните, културните, сексуалните, родовите, јазичните и секакви други малцинства бараат еднаквост во своите човекови и политички права… Од друга страна, доколку победи Харис, речиси сум сигурен…

Read More

Копчиња за паника (Panic button) за членови на изборни одбори, специјалните тимови со оружје распоредени на покриви и ангажирање на Националната гарда, се дел од предизборните мерки во САД, јавија американските медиуми.

Read More

Состојбата во земјата е стабилна и нема индиции за загрозеност на границите, интегритетот и суверенитетот на државата, констатирано е на денешната конститутивна седница на Советот за безбедност што се одржа во Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Read More

Десетина маскирани напаѓачи фрлаа запаливи бомби врз автомобилите во областа Ал Бире во предградието Рамала во текот на ноќта и продолжиле со тоа и покрај повиците од локалното население да запрат.

Read More