Author: Zoran Ivanov
Канбера: Австралија ќе потроши 600 милиони австралиски долари (395 милиони американски долари) за да привлече резервисти во одбраната и да обезбеди парични бонуси за задржување на војниците.
Брисел: Во Европскиот парламент денеска започнува постапката на сослушување на кандидатите за еврокомесари пред членовите на ресорните парламентарни комитети. За време на сослушувањата кандидатите за еврокомесари треба да ги убедат европратениците дека имаат доволно квалификации и знаење да раководат се ресорите за кои се номинирани, како и да ги извршуваат должностите како членови на Колеџот на комесари на Европската комисија. Во првите четири дена од сослушувањата, од денеска до четврток, ќе бидат сослушани 20-те номинирани еврокомесари, а за следниот понеделник (12 ноември) е предвиден „распит“ на петмината кандидати за потпретседатели на Европската комисија и за висока претставничка за надворешна политика…
Претседателката на Молдавија, Маја Санду, освои втор мандат, соопшти изборната комисија на земјата.
Русија синоќа изврши нов напад врз центарот на Харков, вториот по големина град во Украина со еден милион жители, а најмалку пет лица се повредени, изјави гувернерот на регионот Харков, Олех Синјехубов.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека либанското проиранско движење Хезболах мора да се турка до реката Литани и пошироко, со или без договор за прекин на огнот, и дека групата мора да се спречи повторното вооружување.
Силен земјотрес ја погоди обкаста Халкидики, јужно од Солун.
Харис вети поддршка за македонските идентитет и јазик, Трамп најави економска соработка и безбедност
Доколку биде избрана за претседател на САД, потпретседателката и демократска кандидатка Камала Харис кажа дека ќе ги штити правата на граѓаните и земјите слободно да го изразуваат својот национален идентитет, вклучително и македонските идентитет и јазик, додека поранешниот претседател и републикански кандидат Доналд Трамп вети економска соработка и безбедност на Западен Балкан ако тој победи на изборите во вторник, објави Гласот на Америка на македонски.
Ниту локалните медиуми, ниту пак светските медиуми, генерално не даваат податоци за тоа колку граѓани биле подготвени да ги стават своите гласачки ливчиња во референдумските кутии. Се наведува само крајниот резултат кој е толку тесен што објективно не покажува ништо конкретно.
Во Белград, пред зградата во која се сместени повеќе министерства, меѓу кои и она за градежништво, транспорт и инфраструктура, како и републичкото обвинителство, протестираат активисти кои бараат оставка од министерот Горан Весиќ.
Првата тура пратенички прашања ме охрабри затоа што покажа дека вмро-дпмне нема идејна, морална, кадровска и политичка супстанца со која може да се конституира како реална власт. Тие нѐ доближија до свеста за тоа дека коњот со кој галопираме во погрешен правец, е мртов.
Во Њујорк, на пешаците сега законски им е дозволено да преминуваат на црвено. Ова треба да биде дозволено и во Германија – по моделот на „зелената стрелка“ за автомобили, бара едно здружение.