Author: Zoran Ivanov
Повеќе од 160 пожарникари се борат да го локализираат пожарот што избувна во американски воен објект во Јужна Кореја.
Комисијата за помилување составена од шест членови попладнево се состанува со претседателката Гордана Сиљановска – Давкова во „Вила Водно“. Оваа средба следи по жестоките реакции во јавноста околу неколку имиња кои се најдоа на листата на помилувани по повод празникот „23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба“, дознава Гласот на Америка на македонски јазик
Како и да е – со пораките од посетата – и Фон дер Лејен и ЕК во овој процес недвосмислено се кооперативната страна и од денес приказните „ЕУ не не сака“ не минуваат ни по партиски штабови ни по кафеански муабети.
Откако вчера ослободениот нарко бос јавно ѝ се заблагодари на Силјановска, станува јасно дека ова е договорено сценарио. Сега останува само отворено прашањето: која е цената и кој ги земал парите за ова помилување?, велат од СДСМ.
Израел ноќеска изврши 17 напади врз јужните предградија на Бејрут во текот на ноќта, при што синоќа беа погодени шест згради, како и просториите на телевизиска станица поврзана со Хезболах, јавија либанските државни медиуми.
Вашингтон: Речиси 25 милиони гласачи веќе гласале на претседателските избори во САД, преку предвремено гласање лично или преку гласање по пошта, објави посебниот изборен оддел на Универзитетот во Флорида.
Домашна запалива бомба експлодира во државно средно училиште во Чиле предизвикувајќи пожар во кој беа повредени најмалку 35 ученици, од кои неколку се критични, соопштија пожарникарите.
Во колку таа во изборната кампања за претседателка на земјата пржеше компирчиња и од некое шалтерче во фишек ги подаваше на избирачите, денешното помилувањето на криминалците, немаше да предизвика толку бурни реакции! Јасмина Поповска На овој ден, ден на националната борба на македонскиот народ и ден кој е прогласен за државен празник, претседателката Гордана Силјановска го стави својот потпис за помилување на криминалци за кои и самата изјавува дека се интересни луѓе во грда смисла на зборот! Тоа значи прилично лоши луѓе! Во исто време ни порачува да ја чуваме сувереноста на државата која никој не ни ја дал истакнувајќи…
Зоран Иванов Од познати причини ретко се согласувам со премиерот но еве сега, поводно на денот празник, му давам силна поддршка на неговата порака и покана за обединување, додуша не ми е баш јасно за и околу што да се обединиме, претпоставувам не мислеше на обединување околу најавата за оној флуиден документ за 2050 година, не умри магаре за зелена трева за таквите идеи вели народот, освен ако не пледираше на обединување за ЕУ, за условот со уставните па натаму за реформите, за тоа да, и тоа со сиот елан бидејќи триесет години ништо за тоа не сторивме и…
Европската комисија денеска ги одобри реформските агенди на Северна Македонија, Албанија, Косово, Србија и Црна Гора, поврзани со нејзиниот План за раст на Западниот Балкан, откако претходно земјите членки на ЕУ дадоа позитивно мислење за тие документи.