Author: Zoran Ivanov
Руските сили извршија ракетен напад врз Шостка, во регионот Суми, ноќта меѓу 18 и 19 октомври, користејќи наведувани бомби и беспилотни летала Шахед, оштетувајќи ја инфраструктурата и повредија седум цивили, објави Украинска правда.
Украина синоќа истрела серија беспилотни летала кон Москва и западниот дел на Русија. Во нападите нема настрадани луѓе, ниту е причинета сериозна материјална штета, соопштија локалните власти.
Пписмо, многу дилеми за премиерот. Не само што би напишал, туку дали она што ќе го напише може да предизвика спротивен ефект. Се сеќаваме на неговото писмо до тогашниот помошник-државен секретар на САД, Вес Мичел, од октомври 2018 во кое велеше дека Преспанскиот договор „е штетен за интересите на мојата нација и татковина и како таков е неприфатлив за ВМРО-ДПМНЕ и за огромното мнозинство на граѓани на Република Македонија“. Сега гледаме дека вели оти „Преспанскиот договор е реалност“, изјавува во Вашингтон дека тој е премиер на Северна Македонија; тој и неговите министри не го симнуваат од устите НАТО, како тие да…
На самитот на министрите за одбрана на земјите членки на Г7, што се одржува во Неапол, денеска беше изразена поддршка за „неповратниот“ пат на Украина кон членство во НАТО, но загриженост беше изразена и за израелските закани упатени кон мировниците на Обединетите нации во Либан.
Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху денеска ги обвини „сојузниците на Иран“ дека се обиделе да го убијат него и сопругата откако дрон ја погоди неговата приватна резиденција во централниот дел на земјата.
Љупчо Бубо Каров: Откако ме прогласија за предавник и откако ме прогласија за Северџан, не реагирав. Искрено да кажам, никогаш и не сум реагирал. Реагирале луѓе во мое име. Кога ми ги пуштија реакциите видов дека се работи за орекстриран напад. Некому да закачиш таква етикета и да го третираш како таков, тоа го прават луѓе кои се или членови или симпатизери на партија која до пред десет години не го признаваше 11-ти октомври како празник, која го негираше АСНОМ. Една работа што сега се покажа како точна – да тргнеме од името. За мене е понавредлива референцата „поранешна република“.…
Прекин на струја, откажани патувања и можни оштетувања на зградите се очекуваат овој викенд бидејќи бурата Ешли ја зафати Шкотска, носејќи силен ветер и дожд.
Брод на италијанската крајбрежна стража денеска се закотви во пристаништето Бари со 12 мигранти превезени од новоотворениот италијански центар за мигранти во Албанија.
Од страна на Агенцијата за храна и ветеринаство се огласија по повод случувањата во Зоолошката градина кога денеска беа убиени неколку видови птици поради опасност од птичји грип.