Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Zoran Ivanov
Процесот на интегрирање во рамките на Европската Унија да се темели на постигнувања, а не на билатерализација, односно на билатерални прашања, порача денеска од Брисел премиерот Христијан Мицкоски, нагласувајќи дека на средбите уште еднаш потенцирал „дека ние не можеме повеќе да прифаќаме ултиматуми и за нас принципот тие се таму, вие сте надвор не е прифатлив“, како и дека „остануваме фокусирани да предлагаме решенија, и ако навистина има желба, тогаш има и начин“.
Владата, кабинетот на Претседателката, протоколот и МНР, мораа да знаат каде одат на посета и со кого си имаат работа. Румен Радев не сака да слушне,ни за Македонија, ни за Македонците и реално беше да се очекува подметнување и навреда од негова страна. Токму поради тоа,посетата на шефицата на државата, мораше до детали да биде подготвена,со јасна агенда,што треба да прави од нејзиното влегување во Бугарија до напуштањето.
Белград: Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека денешната средбата во Брисел организирана од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен за лидерите од Западен Балкан е важна и дека ќе се разговара првенствено за европскиот План за раст на Западен Балкан и посочи дека Србија останува посветена на европскиот пат и внатрешните реформи.
Нападот врз оперативците на Хезболах со помош на пејџери успеа совршено, рече Сима Шајн, поранешен шеф на истражување и анализа на израелската разузнавачка агенција Мосад.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска изјави дека сума од 160 милиони евра од замрзнатите руски средства ќе биде доделена за задоволување на итните хуманитарни потреби на Украина за оваа зима.
Фатмир Битиќи: Државата се турка во ситуација кој е типична за градење на односи меѓу авторитарни држави, а тоа е инструментализирање на економски ресурси за остварување на надворешно политички цели. Проблемот е што овие цели, на кои се подредува нашата држава, отстапуваат од западните демократски вредности и принципи. Но, очигледно дека овие вредности ништо не значат за самата власт, самиот процес на задолжување го започна со погазување на нив, вон институционално, во четири очи, под превезот на тајност, договорија задолжување. Линк
Проблемот овде е што не знаеме дали се внесуваат скриени трошоци надвор од провизиите кои ќе се плаќаат, а кои ќе се реализираат преку фирма која ќе си ја избере банката. Нетранспарентноста отвора прашања кои се клучни за да ја добиеме целосната слика за овој заем. Дестан Јонузи Со заемот од Унгарија се внесува финансиска обврска за државата, но и корозивен капитал кој има потенцијал да ја разјаде нашата економија и демократија. Ова задолжување се случува не со цел да се развие економијата, да се создаде додадена вредност за домашните бизнис, да се зголеми нивната компетитивност и конкурентност, намерата е…
СДСМ денеска обзнани дека полицаецот Ивица Бисовски кој беше дел од обезбедувањето на Христијан Мицкоски и кој тепаше друг полицаец пред кафе барот „Мош“ во Скопје, министерот за внатрешни работи Тошковски го ослободил од одговорност.
На Мусолини му се припишува една изрека во која тој го споредува владеењето со еден народ – со кубење пердуви од жива кокошка. Постапката подразбира извесен напор од страна на владетелот да ја држи цврсто кокошката и да внимава да скубнува пердуви – ни преспоро, ни пребрзо, таман колку да обезбеди кокошката да не дава отпор.
Откако не успеа „блицкриг“ стратегијата, путиновиот режим се сврте кон употреба на големите резерви од ракетно и артилериско оружје за да го промени текот на војната против Украина преку злосторничка, масовна и неселективна употреба. Олег Усатенко Режимот на путин критично зависи од тоа да има на располагање голем број ракетно-артилериско оружје и муниција, вклучително и ракетно оружје со долг дострел, бидејќи се обидува да го промени текот на војната против Украина во своја полза токму со нивната масовна и неселективна употреба. По неуспехот на плановите на рф за брза напаѓачка војна против Украина во стилот на т.н. „блицкриг“, режимот на…
Коалицијата Маргини изразува загриженост за исходот од 4-от циклус на Универзалниот периодичен преглед во рамки на Обединетите нации за Македонија. Тие реагираат дека иако неколку препораки биле поддржани, вознемирувачки е тоа што клучните препораки за преземање конкретни чекори за заштита на ЛГБТИК луѓето се отфрлени.