Author: Zoran Ivanov
Делови од Јемен денеска беа нападнати од воздух, вклучително и главниот град Сана и аеродромот во Худаида, според ТВ Ал Масира, главната телевизија на движењето Хути што го контрДолира поголемиот дел од Јемен.
Тетово: Пожарникарите интервенирале во извлекување на комби возило во кое имало 11 патници, а кое било заглавено во подвозник на патот што води кон селото Сиричино. Во извлекувањето на возилото со јаже интервенирале четворица пожарникари со едно возило.
Тирана: Невремето, проследено до обилни и интензивни врнежи, силен ветер, електрични празнења, речиси целосно ја парализира Албанија. Улиците во градови, пред се Тирана, Валона, Лежа, Љушња, Булќиза, се под вода чија висина е до 50 сантиметри. Во Тирана ветерот откорнал големи дрвја, приморскиот град Валона е без електрична енергија, како и други делови во земјата. Поради големите бранови забрането е испловување на сите видови пловни објекти долж целото крајбрежје.
И покрај напорите на сите расположливи сили со тешка механизација, воспоставувањето на патот меѓу Мостар и Јабланица нема да биде можно до вечерва. Според последните информации, 40 лица се водат за исчезнати на подрачјето на Долна Јабланица, а на тоа место се потврдени 16 смртни случаи.
Зоран Иванов Политичкиот лидер на ДУИ, претходно воен лидер на ОНА, ја разбира но никако да ја прифати демократијата и да излезе од зад грмушките со едното око зад нишанот, некако тешко му паѓа плурален речник па еве, денеска повторно, овој пат преку својот ФБ профил пак се обидува да си ги употреби Албанците со повикот до ВРЕДИ да ги напуштат институциите во кои, по цели две децении, постизборно ја компензираат неговата ДУИ, преведено, политичките структури на Албанците во Северна Македонија да создатат институционална криза па натаму, натаму здравје, во некакви матни кризни околности мудриот лисец да си го поврати…
Преку статус на Фејсбук, лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, ги откри петте приоритети и ги повика „Вреди“ да ја напуштат Владата, повикувајќи ги заедно да стават крај на понижувањето на Албанците и другите етнички заедници.
Џабир Дерала: Трагичната иронија е во тоа што, и покрај воспоставувањето на меѓународното хуманитарно право и безбројните конвенции за заштита на цивилите, токму цивилите се тие што продолжуваат да го носат товарот од насилството ширум светот. Од Сребреница во Босна до Буча во Украина и Појасот Газа во Израел, неактивноста на меѓународната заедница често ги прави соучесници во страдањето на најранливите.
Џабир Дерала: Во контекст на воената агресија против Украина, Русија во неколку наврати стави вето на резолуциите на Советот за безбедност со кои се осудуваат нејзините дејствија, оневозможувајќи усвојување на било какви санкции или воени мерки преку ОН. Надвор од ОН, влијанието на Русија во меѓународните организации, вклучително и ОБСЕ, се користи за да се одложат или блокираат истрагите за кршењето на човековите права, со што ѝ се овозможува неказнето да дејствува на светската сцена.
И покрај големите зборови и декларации, меѓународните мировни иницијативи остануваат симболични. На 25-годишнината од декларацијата на ОН за „Култура на мирот“, авторитарните режими како Русија продолжуваат да ги експлоатираат глобалните институции, оставајќи ги цивилите да го сносат товарот од тековните војни и кризи – Политички есеј објавен во Балкан Форум по повод Декларацијата за култура на мирот и Генералното собрание на ОН.
Бројот на жртви од час во час расте. Цели населби се отсечени. Без струја се и без телефон.
Нема поголем поддржувач и партнер во остварување на вашите цели од САД и знам дека тоа беше повторено и на средбата меѓу претседателот Џо Бајден и Гордана Сиљановска Давкова, изјави американската амбасадорка Анџела Агелер.