Author: Zoran Ivanov

Бејрут: Околу полноќ, Израел изврши напад врз подземен бункер во јужните предградија на главниот либавски град каде што се одржуваше состанок на кој присуствуваше можниот нов лидер на Хезболах, Хашем Сафиедин, со други високи претставници на либанската милитантна група, објави Њујорк Тајмс повикувајќи се на тројца неименувани израелски официјални лица.

Read More

Венко Филипче: СДСМ ќе иницира затворена седница за Мицкоски да каже кој е планот за евроинтеграциите. ВМРО-ДМНЕ и целокупното  владино мнозинство има обврска да кажат како, по тој пат понатаму. Да кажат, ако воопшто имаат план, како ќе продолжиме, имаат ли план во која временска рамка ние ќе го направиме тоа. Размислуваат ли можеби да сме дел од некој друг сојуз, размислуваат  ли да не остават да сме слепо црево во Балканот и да не остават да живееме сами, изолирани и без помош. Значи, следува сериозен период во кој ние ќе треба да стоиме во место. Сега има еден план,…

Read More

Њујорк: Советот за безбедност на ОН синоќа изрази целосна поддршка за генералниот секретар Антонио Гутереш, откако израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац го прогласи за “персона нон грата” во Израел. Во официјалното соопштение на 15-члениот Совет се наведува дека „секоја одлука да не се соработува со генералниот секретар на ОН или Организацијата на Обединетите нации е контрапродуктивна, особено во контекст на зголемените тензии на Блискиот Исток”. Во соопштението не беше спомнат Израел. Ваквите соопштенија од Советот за безбедност се усвојуваат со целосен консензус.

Read More

По победата на Исламската револуција во 1979 година, Иран ги откажа сите договори со Израел, а ајатолахот Хомеини остро го критикуваше Израел за неговата окупација на палестинските територии и разви реторика насочена против Израел со цел да ја добие поддршката од арапските држави и населението во тие земји, зајакнувајќи го влијанието на Иран.

Read More

Тирана: Поранешниот обвинител за тешки кривични дела, Еуген Беци, го коментираше отворањето на канцеларијата на американската ДЕА во Тирана, велејќи дека на тоа била „принудена откако Албанија станала проблем со трговија со дрога“. Во емисијата „Отворено“ на News24 тој рече дека ДЕА интервенира само кога станува збор за трговијата со кокаин и перење пари, додавајќи дека „албанските криминални организации ја потопија Европа со дрога“. Трговијата со дрога во Албанија ја принуди ДЕА да отвори канцеларија. Албанија стана проблем и за ДЕА. Ова може да се нарече и неуспех на албанската држава во борбата против кокаинот. ДЕА интервенира само кога станува…

Read More

Хакерска група поврзана со руската разузнавачка служба ФСБ се обидела да упадне во системите на десетици западни политички институти, новинари, поранешни воени и разузнавачки функционери, американски компании и Министерството за енергетика, што ги надгледува нуклеарните програми, соопштија денеска Мајкрософт и американските власти.

Read More

Обединетите нации во врска со одлуката на Израел да го прогласи генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш за „персона нон грата“, соопштија дека тоа е „уште еден напад на Тел Авив врз персоналот на ОН.

Read More

Европската унија денеска започна три инвестициски програми за повеќе од 700 милиони евра за целите за одржлив развој на Западен Балкан и другите региони, кои според очекувањата ќе мобилизираат 6,3 милијарди евра јавни и приватни инвестиции.

Read More

Шефот за надворешни работи и безбедност на ЕУ, Жозеп Борел, рече дека израелскиот напад врз Бејрут, во кој загинаа медицински работници, е кршење на меѓународното хуманитарно право.

Read More