Author: Zoran Ivanov
Првата лекција е дека нашата безбедност не доаѓа бесплатно. Мораме да бидеме подготвени да ја платиме цената за мирот. По Студената војна, кога тензиите се намалија, се намалија и нашите трошоци за одбрана. Кога нашата безбедност е во прашање, како што е денес, јасно е дека нашите буџети за одбрана треба да се зголемат. Колку повеќе трошиме, толку е посилна нашата одбрана, толку е поефикасна нашата способност за одвраќање и толку е поголема безбедноста.
Најмалку шест лица се убиени во најновите воздушни напади, а 91 е ранет, според либанското Министерство за здравство, кое соопшти дека бројките се прелиминарни.
Постојат знаци дека руски персонал сè уште им помага на Хутите во советодавен капацитет, а сега – додека Вашингтон размислува за своите ескалаторни опции во Украина – вестите покажуваат дека Путин повторно размислува да ги обезбеди тие противбродски ракети. Ако Вашингтон и помогне на Украина да ја нападне Русија, Путин може да им помогне на Хутите да ја нарушат слободата на морињата и да и пушти крв на суперсилата што ја одржува. Од почетокот на војната во Украина, избегнувањето на ескалација – скок во поголем, глобален конфликт – беше постојана преокупација на американскиот претседател Џо Бајден. Но, скоро три години…
Њујорк: Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изрази благодарност за „многу продуктивната средба“ со Доналд Трамп одржана денеска, откако двајцата разговараа за конфликтот на Украина со Русија во облакодерот на поранешниот американски претседател во Њујорк.
Пресуди кои чекаат на имплементација повеќе од пет години имаат Бугарија, Грција, Ирска, Италија, Малта, Полска, Португалија, Романија, Унгарија и Финска. Според ДРИ, се уште не се спроведени над 50 проценти од пресудите изречени на Бугарија, Кипар, Италија, Малта, Полска, Романија, Словачка, Унгарија и Шпанија изречени во последните десет години.
Вашингтон: Копретседавачите со конгресната група за македонските Американци во Преставничкиот дом, претставија двопартиска резолуција со која се повикува септември да биде прогласен за месец на македонско-американското наследство.
Џабир Дерала: Тоа што Брисел го нарекува преговарачка рамка, тој го нарекува „диктат“, а на тоа го надоврзува и својот „горд“ наратив дека не го прифаќа. Целосно неточни се основите врз кои го гради својот наратив, но кому денес му се важни фактите!?
Јас со време напишав дека премиерот број 13 нема зошто да се грижи за својата иднина, бидејќи ќе поведе земјата со полна пареа – назад, кон минатото. И за време на изборната кампања, а уште повеќе по воспоставувањето на владата, стана јасно дека е време да се збогуваме со ЕУ.
Заедничка меѓувладина седница на Северна Македонија и Унгарија ќе се одржи денеска во Охрид откако претходно премиерите на двете држави Христијан Мицкоски и Виктор Орбан ќе одржат тет-а-тет средба.