Author: Zoran Ivanov

Главниот воен командант на Украина изјави дека Киев контролира околу 1.000 квадратни километри од руската област Курск, што е негов прв јавен коментар откако Украина ја започна својата најголема прекугранична офанзива во речиси две и полгодишната војна.

Read More

Телеграфи: Денеска во Бујановац ќе се одржи протест против угнетувањето и дискриминацијата што ја вршат српските власти врз Албанците.

Read More

Што би можело да биде важно за СДСМ од победата на британските лабуристи при конципирањето на идната програма. Една од најважните лекции е брзата рехабилитација на Лабуристичката партија под Стармер. Тој ги презеде уздите од Џереми Корбин во 2020 година, веднаш по најтешкиот пораз на партијата. Корбин беше дел од левото, дури и крајното лево крило на партијата, и поради тоа се стекна со многу поддржувачи. Но во партијата, е не во поширокото граѓанство. Кир Стармер беше посветен поддржувач за останување на Британија во ЕУ, а во тимот од сенка на Корбин беше секретар за „Брегзит“. Љупчо Поповски Големи, па дури…

Read More

Скопје: Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со украинската амбасадорка, Лариса Дир на која ја реафирмирал поддршката за Украина која ќе продолжи и во иднина.

Read More

Веле Митаноски: Охрид, како град на УНЕСКО, има потреба од новите технологии кои овозможуваат дигитализација и трајна конзервација на културното наследство, во физичкиот и во метаверзумот. Ваквите иновации можат воедно да ја поттикнат промоцијата на градот и државата, со тоа што ќе понудат туристичко искуство кое не може да се најде на друго место, ќе каже професорот.

Read More

Киев: Украина во јули двојно го зголеми извозот на жито, на повеќе од 4,2 милиони метрички тони во споредба со истиот месец минатата година, покажуваат податоците на Украинската асоцијација на трговци со жито UGA, и покрај зголемените руски напади врз Одеса, клучното пристаниште на Црното Море, и Измаил, главното пристаниште на Дунав за извоз на жито во Европа.

Read More

Киев и Москва меѓусебно се обвинуваат за предизвикување пожар во областа на нуклеарната централа Запорожје, која беше окупирана од Русите. Украина ги повика жителите да останат смирени и известија дека нема знаци на зголемена радијација, а пожарот во меѓувреме е изгаснат.

Read More