Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Zoran Ivanov
Во Париз завршија 33-те летни Олимписки игри. Учествуваа повеќе од 10.000 спортисти од 206 земји, како и тимот на бегалци. За Македонија во Париз настапија атлетичарот Дарио Ивановски (маратон), Владимир Егоров (борење/ до 57 кг, слободен стил), Никола Ѓуретановиќ (пливање/ 400 метри слободно), Анастасија Мојсовска (стрелаштво/10 метри воздушна пушка), Еди Шерифовски (џудо) и Милјана Релјиќ (таеквондо). Покрај спортистите, Македонија на ЛОИ ја претставуваа и судиите Ѓорѓи Начевски и Славе Николов (ракомет), Иван Михајловски (триатлон) и Анета Павловска (тенис). За разлика од церемнијата на отворањето, која за прв пат во историјата се одржа надвор од стадионот, со бродска парада по реката…
Олимпијадата во 2024 година вечерва ја спушти завеста со завршаната церемонија на затворањето. Олимпискиот стадион во Париз со 70 илјади гледачи вечерва беше претворен во огромна спортско концертна сала. Настапија повеќе од 100 изведувачи, акробати, танчери и циркуски уметници.
Натпреварувачката програма на 33. Летни олимписки игри во Париз заврши, а до самиот крај се водеше возбудлива битка за тоа кој ќе заврши на врвот на листата на освојувачи на медали. На крајот на првото место завршија САД.
Клучот за пристапување во ЕУ се реформите, изјави вечерва евроамбасадорот Дејвид Гир. Зборувајќи за уставните измени тој вели дека е скептичен оти може да се дојде до подобар компромис со Бугарија.
Протестот за изрекувањето на пресудата на тројцата активисти започна денеска пред зградата на српската влада во центарот на Белград, а учесниците ја блокираа раскрсницата на улиците Немањина и Кнежа Милош, јавуваат тамошните медиуми.
Париз: Француските власти ги евакуираа луѓето на Ајфеловата кула откако маж беше забележан како се искачува на историската знаменитост неколку часа пред церемонијата на затворање на Олимписките игри во Париз.
Украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир која на социјалните мрежи води своевиден дневник на случувањата во Украина за време на целосната и неиспровоцирана руска воена агресија, на 900 ден од целосната руска воена агресија се огласи преку својата сметка на Х со осуда на масовниот руски ракетен и дронски напад во кој повторно има цивилни жртви.
Рамалах: Претседателот на палестинската управа Махмуд Абас ќе ја посети Русија од 12 до 14 август, каде ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, објави денеска палестински дипломат.
Москва: Најмалку 13 лица се повредени ноќеска во градот Курск, во Русија, кога остатоци од украинско беспилотно летало што беше погодено од руската противвоздушна одбрана паднаа врз станбена зграда од девет ката, соопштија денеска претставници на руската област Курск, која граничи со Украина.