Author: Zoran Ivanov

Пентагон повтори дека украинскиот напад во руската област Курск е во рамките на она што го дозволуваат САД кога станува збор за користење на нивното оружје во Украина. Ја поддржувавме Украина од самиот почеток за да се одбрани од напади кои доаѓаат преку граница. Тие преземаат активности за да се заштитат од напади кои доаѓаат од регионот што спаѓа во опсегот на она што американското оружје и системи се овластени да ги користат. Кога станува збор за конкретната операција што се спроведува, добиваме се повеќе информации, но на Украинците им останува да зборуваат за нивните операции, изјави на денешната прес-конференција…

Read More

Изјавата на министерката за образование и наука за зголемување на платите во образованието од 10 до 12 проценти од март 2025 година не е усогласена со ставовите на СОНК, соопшти Јаким Неделков, претседател на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура. Во објава на неговиот фејсбук-профил, Неделков вели дека го информира членството на СОНК и останатата заинтересирана јавност дека содржината на изјавата на министерката Весна Јаневска не е договорена со СОНК. Точно е дека двапати имавме конструктивна средба и ставовите на СОНК беа јасни: почитување на Закон и Колективен договор, од каде произлегува и барањето за усогласување на платите во…

Read More

Официјализирањето на намерата на унгарскиот оператор „4iG“ за влез на домашниот пазар ја разбранува домашната политичка јавност пред се поради фактот што станува збор за компанија која, според унгарските истражувачки медиуми, важи за една од омилените на неприкосновениот владетел во Будимпешта – премиерот Виктор Орбан.

Read More

Министерот за внатрешни работи на Австрија Герхард Карнер изјави дека ситуацијата била многу сериозна и со цел да спречат трагедија била донесена одлука да се откажат трите концерти на Тејлор Свифт во Виена, закажани за денеска, утре и в сабота на стадионот „Ернст Хапел“. Набргу потоа, 19-годишниот првоосомничен, идентификуван како Мухамед, што му бил војнички прекар инспирирано од пророкот Мухамед, дал целосно признание откако бил уапсен во неговиот дом во градот Терниц во Долна Австрија.

Read More

Бугарија ја финансира подготовката на модернизацијата на железничката линија Софија – Перник – Радомир – Ѓуешево – граница со Република Северна Македонија. Приоритетно се изработуваат идејни решенија за делницата од станицата Ѓуешево до влезот во тунелот ‘Деве Баир’. Се планира на крајот на годината да се подготви технички проект по обем и содржина, согласно техничките барања на договорниот орган. Лепа Џундева Македонската влада жали што од бугарска страна се политизира прашањето за Коридорот 8 и се употребуваат зборови кои не градат добрососедство. Ова е ставот на владата за ТВ 24, откако од Бугарија пристигнаа обвинувања дека Мицкоски манипулира и дека…

Read More

Брисел: Европската унија смета дека неодамнешната украинска инвазија на пограничниот руски регион Курск е дел од „легитимните воени акции за самоодбрана“, изјави денеска портпаролот во Брисел, јави ДПА.

Read More

МВР исвести дека постапува по барањето на австриските власти за проверка на лице кое е по потекло од земјава, а кое е осомничено за планиран терористички напад во Виена.

Read More

Софија: Бугарскиот парламент усвои измени на својот закон за образование, проширувајќи го својот опсег за забрана на ЛГБТК пропаганда во училиштата, што групите за права ги критикуваа како дискриминаторски. Амандманот на законот предложен од проруската партија Преродба е усвоен со големо мнозинство, со 159 гласа „за“, 22 против и 12 воздржани. Законот забранува пропаганда, унапредување или поттикнување на каков било начин, директно или индиректно, во образовниот систем на идеи и ставови поврзани со нетрадиционална сексуална ориентација и/или родов идентитет различен од биолошкиот. Невладината организација за права Бугарскиот Хелсиншки комитет, ХЦ, чинот го оцени како неевропски и недемокраски и дека допонувањата…

Read More