Author: Zoran Ivanov

Москва: Во руската област Курск е воведена вонредна состојба, објави на Телеграм нејзиниот регионален гувернер Алексеј Смирнов, пренесоа француските медиуми. Курската област се граничи со Украина и од вчера таму има влез на украинска војска. -Оперативната ситуација и понатаму е тешка во пограничните области. За да ги елиминирам последиците од влегувањето на непријателските сили, решив да прогласам вонредна состојба, напиша Смирнов на Телеграм.

Read More

Владимир Путин ја обвини Украина дека извршила провокација од големи размери откако руското министерство за одбрана објави дека стотици украински војници придружувани од тенкови и оклопни борбени возила ја преминале границата и упаднале во рускиот регион Курск. Борбите и натаму се водат во оваа област, при што загинале најмалку петмина луѓе, а илјадници биле евакуирани.

Read More

Ерусалим: Командантот на Хезболах, Хасан Фареш Јеши, кој беше одговорен за противтенковски наведуван ракетен напад врз северен Израел, е убиен денеска во напад на израелско беспилотно летало врз градот Хуаја во Либан, пишува „Тајмс оф Израел“.

Read More

Ивон Величковски: Со тоа, ВМРО-ДПМНЕ, заплашувајќи со опасност од “белгиски модел” за државното уредување – нуди “кипарски модел” на економија односно – голем “оф-шор” во срцето на Балканот. Нужно е да предупредиме дека кипарскиот економски модел природно води кон – кипарски политички модел, со краен ефект фактичка поделба на земјата. Линк

Read More

Унитарност што и со оваа политика на Владата (види “чудо”, повторно) на ВМРО-ДПМНЕ е под удар на концептот за територија во која “Република Илирида” и “Република Македонска” се поделени со коридорот на Будимпешта, Белград и Бањалука до Егејското Море (од интерес на кинескиот “пат на свилата”).

Read More

Веле Митаноски: Понекогаш и самите изведувачи се жртви на хаосот, па ги откажуваат концертите, жалејќи се на манипулациите на организаторите. Ецен концерт со право го прекина полицијата, затоа што тука доагаат “музичари”-замислени величини, всушност, примитивци, кои си дозволуваат на бината да ги симнат чевлите, а од публиката, наши, млади деца, да побараат да им го симнат смрдливиот чорап!!! Охрид мора да ставки крај на овој хаос, затоа што ова е веќе навреда за вистинските културни содржини, навреда е за фестивалот “Охридско лето”, сличните манифестации на него, навреда е за граѓаните на Охрид. Линк

Read More

Фирмата на Мартин Алексов, синот на поранешниот градоначалник на Штип, Зоран Алексов, донираше висококвалитетни заштитни маски во вредност над 350 илјади денари, за пожарникарите вклучени во борбата против огнената стихија. Како што објави Центарот за управување со кризи „донација за пожарникарите во заштитни маски, што заедно со веќе донираните на пожарникарите во Штип и Радовиш, имаат вкупна вредност над 350.000 денари. Денеска беше предадена донацијата од над 16.000 висококвалитетни заштитни маски наменета за територијалните противпожарни единици во Македонија, од страна на г-дин Зоран Алексов, во име на Мартин Алексов, сопственик на МООНЛЕХ ДООЕЛ, Штип, а поранешен градоначалник на Штип. Помошта, наменета за…

Read More