Author: Zoran Ivanov
Радев и Главчев ги „пресретнаа“ предвидливите вербални маневри (на делегацијата) на Силјановска-Давкова со изјави уште пред средбите.
И се` помина не само како невиден дипломатски скандал и виткање кичма туку како кршење глава!
Москва: Руското Министерство за одбрана соопшти дека Русија и Украина размениле 103 воени заробеници. Како дел од размената, во Русија се вратени војници заробени за време на украинската офанзива во руската област Курск. Размената била договорена во преговори меѓу Москва и Киев со посредство на Обединетите Арапски Емирати. Од украинска стран нема потврда за рамената на заробеници.
Оливер Спасовски: Секој втор ден висок претставник на ВМРО-ДПМНЕ е во седиштето на ДУИ. Од една страна демек се напаѓаат ВМРО-ДПМНЕ и „дефакторизираната ДУИ“ а од друга страна секој втор ден некој висок претставник од ВМРО-ДПМНЕ ќе оди во седиштето на ДУИ во Мала Речица, тоа не носи резулатат. Тие излегоа и рекоа ние го укинуваме балансерот. Па после им требаше поддршка за Законот за реорганизација, седнаа со „дефакторизираната ДУИ“ па рекоа ќе формираме комисија во Собрание, па ДУИ предложи и таа коалиција ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ го изгласаа. За да чуеме сега од министерот за администрација дека балансерот не се…
Во последниве години, минатите отстапки за Русија станаа тема на интерес кај некои кинески националисти кои тврдат дека Москва треба да ја врати изгубената територија, вклучувајќи го и Владивосток, најголемиот град на рускиот Далечен Исток. Кога беше објавена најновата верзија на кинеската стандардна мапа, таа содржеше некои промени кои не и одговараа на Русија. Официјалната мапа беше објавена минатата година, но повторно е во центарот на вниманието откако претседателот на Тајван рече дека Кина може да ги врати деловите кои сега и припаѓаат на Русија. Тајванскиот претседател Лаи Чинг-те ги оспори кинеските претензии за самоуправниот остров, доведувајќи го во прашање…
Во Бугарија е потврдена колера, што е прв ваков случај во последните 103 години.
Вашинготн: Американскиот претседател Џо Бајден и британскиот премиер Кир Стармер на синоќешната средба во Вашингтон не донесоа одлука да и дозволат на Украина да користи ракети со долг дострел за гаѓање цели во Русија.
Фактот што дури 14% од републиканците рекле дека Харис била подобра на дебатата и над 50% неопределени (само 17% неопределни рекле Трамп), кажува дека таа успеала да ја рашири својата потенцијална база на бирачи. Навлегла во двете клучни целни групи, неопределни и републиканци кои можеби се предомислуваат.
Ѓорѓи Спасов: Сигурно и кажале дека домаќините ќе и ги кажат сите оние работи што бугарската страна постојано ги повторува. А тоа е дека таа и Мицковски треба да престанат со предизборната реторика кон Бугарија,дека Бугарија нема намера да преговара одново со Македонија и дека ако Македонија сака да ги почне разговорите со ЕУ треба да ги исполни условите од преговарачката рамка да го почитува договорот за добрососедство и потпишаните протоколи. Тоа ли отиде да го слушне Силјановска? Линк
Тоа ли отиде да го слушне Силјановска? Не. Таа и Муцунски биле свесни дека само тоа ќе им биде кажано и повторено, но решиле покрај операта да понудат и мал театар. Силјановска пред камерите се џитна во прегратките на Радев, ја изгушка и Јотова, задолжена за бугарските клубови во Македонија и пописот во Албанија, и во нејзин стил изјави дека разговарале, ама ништо не договориле. Ѓорѓи Спасов Силјановска отиде во Софија како приватно лице на пазар. И како што фудбалските навивачи кога одат да следат некој меч, може попатно да се сретнат со некој од навивачите на противничкиот тим, така…