Author: Zoran Ivanov
Прага: Чешката полиција синоќа во близина на Прага открила околу 30 –тина мигранти во камион. И покрај обидите за реанимација, една жена починала.
Интерпелацијата на претседателот на Собранието Африм Гаши треба да биде разгледана на денешната прва пленарна седница по одморот на пратениците. Интерпелацијата е поднесена од пратеничката група на Левица, а според најавите, поддршка ќе даде опозициската СДСМ, додека ВМРО-ДПМНЕ и коалициониот партнер „Вреди“ нема да дадат поддршка.
Дубаи: Јеменските бунтовници, милитантната проиранска група Хути, го погодија танкерот „Сината лагуна 1“, кој пловел во Црвеното Море под панамско знаме, а во сопственост на компанија од Грција, соопшти регуларната влада на Јемен. Денешниот напад е последен во серијата напади на Хутите почнати од војната меѓу Израел и Хамас, кои ги нарушија трговските бродски рути со кои секоја година се транспортираат стоки вредни стотици милијарди долари. Во денешниот напад бродот беше погоден со два проектила, а третата експлозија одекна во близина на бродот. Хутите сè уште не ја презеле одговорноста за нападот, но, според американската агенција, може да поминат неколку…
Еден ден ден по откривањето на телата на шест заложници во Појасот Газа, денеска започна голем штрајк предводен од израелската синдикална организација Хистадрут, како протест против неспособноста на владата да стави крај на конфликтот.
Русија го доживеа најголемиот напад со беспилотни летала од почетокот на војната, кога 158 украински беспилотни летала гаѓаа неколку региони во Русија, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана.
„Алтернатива за Германија“ е подготвена да стане првата екстремно десничарска политичка сила што победила на регионалните избори во Германија по Втората светска војна, покажуваат прелиминарните резултати од вчерашните регионални избори во покраината Тирингија.
Ги преспале ли бегствата на поранешниот премиер Никола Груевски, екс разузнавачот и началник на петтата управа Горан Грујевски, неговиот колега Никола Бошкоски? Знаат ли НАТО и ЕУ уште колку бегства се запишани, потпишани, за да бидат засекогаш избришани и заборавени Биљана Секуловска Се работи за голема чест- во октомври свечено се отвора глувата соба во Собранието, градена по НАТО и ЕУ стандарди, со цел да функционира по примерот на демократските земји. Се работи за специјално проектирана соба, која ќе служи за параламентарен надзор на безбедносните служби во земјава. Идејата е да не може да излезат никакви информации оттаму, токму заради…
Земјите на ЕУ прв пат по речиси две години увезле повеќе природен гас во еден квартал од Русија отколку од САД, покажува новото истражување за енергетскиот пазар што го објави бриселската консултантска компанија Бругел.
Комичната камуфлажа на настојувањето од Албанците да направи политички Македонци, со рамноправност со која нема да ја доведат во прашање сопственоста на државата на етничките Македонци.
Ова се рефлексии за општественото распаѓање, бесмисленоста на надежта и неизбежната индиферентност кон системските неуспеси на институциите и членовите на оваа административна заедница или држава, како сакате. Празнина што го дефинира колективното искуство. Од највисоките места на моќ до секојдневните интеракции, општеството е заробено во бескрајна спирала од примитивно однесување, насилство и илузионизам, неспособно – или неволно – да се ослободи и да престане со децениското бегање од вистината. Џабир Дерала Можеби се годините, можеби искуството сосе годините, не знам, но кога ја гледам оваа земја веќе не можам, како порано, во себе не наоѓам ни цинизам, уште помалку огорченост…
Украина започна продолжени напади со беспилотни летала врз електрани и рафинерии во Москва и соседната Тверска област. Ројтерс пренесува дека утринава тоа го соопштиле и руски претставници и медиуми. Во текот на ноќта руската противвоздушна одбрана собори 158 украински беспилотни летала во 15 региони на Руската Федерација, вклучително и два над Москва, соопшти руското Министерство за одбрана. Над територијата на регионот Курск се уништени 46 беспилотни летала, 34 над територијата на областа Брјанск, а 28 украински беспилотни летала над територијата на регионот Воронеж, пренесува РИА Новости. Според извештаите, 14 беспилотни летала биле уништени над регионот Белгород, осум над Рјазан, два…