Author: Zoran Ivanov

Дали можеби тоа е пораката на Макрон, дека сите земји на Западен Балкан ќе бидат дел од ЕУ и секоја посебно, меритократски ќе биде вреднувана, со заедничко решавање на чувствителните политички теми, во склоп на самиот процес на пристапување? Што е спорно, за да биде премолчено и цензурирано, па нели ние само за правила, правда и еднаков третман говориме?  Никица Корубин За “јавност” која две години константно го експлоатира “францускиот предлог”, кој одамна стана официјална преговарачка рамка по која ќе се одвива пристапниот процес на Северна Македонија во ЕУ; и особено за “јавност” која е (бес)крајно благонаклона кон “ликот и…

Read More

Дарко Костадиновски: Со Законот за јазиците политиката создаде своевиден правен хаос кој резултираше со политички хаос, недоверба, дилеми. Јавноста веќе го виде и извештајот на Венецијанската комисија. Уставниот суд е на потег не за мудра, туку да донесе уставно-правно втемелена и аргументирана одлука. Што би можело да се одлучи, не знам и не можам да знам и нема да коментирам. Предметот за Законот за јазиците е составен од 13 иницијативи од различни граѓани, политички партии, здруженија, а е оформен од 2019 година. Свесни сме за јавниот интерес и за можните последици доколку Судот одлучи да го укине или да го…

Read More

Со Законот за јазиците политиката создаде своевиден правен хаос, кој резултираше со политички хаос, недоверба, дилеми. Јавноста веќе го виде и извештајот на Венецијанската комисија. Уставниот суд е на потег не за мудра, туку да донесе уставно-правно втемелена и аргументирана одлука. Што би можело да се одлучи, незнам и неможам да знам и нема да коментирам, вели во интервју за МИА претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски.

Read More

Израелската армија и палестинската Хамас договорија три тридневни паузи во борбите во различни делови на Појасот Газа со цел да им се овозможи на за околу 640.000 деца да бидат вакцинирани против детска парализа.

Read More

Покровск: Врховниот командант на вооружените сили на Украина, Олександр Сирски изјави дека поминал неколку дена на источниот фронт кај Покровск и ги опиша борбите како посебно тешки.

Read More

Со векови Русија правеше сè за да се осигура речиси секоја генерација на Украинци да знае што е тоа загуба. Од 2014 година тоа го прави на бојното поле, води апсолутно неиспровоцирана и неправедна војна против Украина. Неправедна – затоа што модерната генерација на Украинци плаќа превисока цена.

Read More

На денешната седница на Советот на Град Скопје советниците на ВМРО-ДПМНЕ не го поддржаа предлогот за набавка на нови екоавтобуси. Сите други советнички групи гласаа „за” освен советниците од ВМРО-ДПМНЕ. Тие не гласаа за одлуката и со тоа немаше мнозинство за да почне постапката за набавка на еко автобуси. За позитивен исход на одлуката беа потребни уште три гласа. Претседателот на Советот Трајко Славески од ВМРО-ДПМНЕ, одлуката на преставниците на својата партија ја правдаше со фактот дека за нови автобуси немалп предвидено пари во буџетот за оваа година и ја одби иницијативата на градоначалничката Данела Арсовска за репрограмирање на буџетот…

Read More

На гулабите им требаат 30 дена за да откријат успешна стратегија, а Македонецот не научи ни после 6500 дена, а веројатно бројкава е поголема – повеќе од 10 илјади дена, од самиот референдум за независност досега.  Емилија Целакоска Знаејќи ја „играта“ на Монти Хол од задачите по веројатност (инаку вистинско шоу од шеесеттите во Америка, “Let’s make a deal” во кое Монти Хол е водителот), ми привлече внимание едно психолошко истражување на истиот проблем каде што играчи се гулаби. Истите поставки на играта потоа се направени со средношколци и основци – доброволци. Резултатите се многу интересни во корист на гулабите и…

Read More

Иако засега не се знае кое ќе биде решението за осудените од упадот во Собранието пред седум години, се калкулира со повторување на постапката и докази за лажно сведочење. Прекинот во издржување на казната, од здравствени причини, е продолжен за неколку осуденици – најдолго за Митко Чавков, до ноември. Сунчица Стојановска Зоксимовска Од десетина лица осудени за упадот во Собранието на 27 април 2017 година кои во јули-август користеа 30 дневен отпуст поради здравствени причини, петмина побарале судски прекин на издржување на казните. Тројца од нив добиле прекин во траење од еден месец, потврдија од Кривичниот суд за Радио Слободна Европа.…

Read More