Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Zoran Ivanov
Турција би можела да влезе во Израел за да им помогне на Палестинците, како што тоа некогаш го правеше во Либија и Нагорно-Карабах, изјави вчера претседателот Реџеп Тајип Ердоган.
Претседателот Николас Мадуро победи на претседателските избори во Венецуела, според делумните резултати објавени од страна на избирачкиот совет.
После неколку месеци стагнација, цената на становите почна повторно да се зголемува. Покачувањето е минимално, но е автентична потврда на претходните проекции кои предупредуваа дека нема да има намалување на станбениот квадрат. Се надевавме дека цената ќе стагнира, но тоа сепак не се случи. Ако на пример минатата година цената на еден квадрат за објект во скопското Дебар маало којшто сеуште не е ни почнат со градба, односно се уште е на ниво на “дупка’чинеше 1850 евра, сега откако стартуваше изградбата се продава за 2.600 евра, велат за „Локално“ од агенцијата „Новел Недвижности“. Сепак, во агенцијата посочуваат дека постои разлика…
Либанската група Хезболах го изврши ужасниот напад на Голанската висорамнина, во кој вчера загинаа дванаесет деца на возраст од 10 до 16 години, соопшти Белата куќа. Овој напад го изврши либанскиот Хезболах. Тоа беше нивна ракета истрелана од област што ја контролираат, изјави портпаролката на Советот за национална безбедност во Белата куќа, Адријана Вотсон. Нашата поддршка за безбедноста на Израел е цврста и непоколеблива пред сите закани што доаѓаат од Иран, вклучително и Хезболах, рече Вотсон. Таа додаде дека САД работат и на дипломатско решение за границата меѓу Израел и Либан кое еднаш засекогаш ќе стави крај на сите напади…
До крајот на ноември, Украина ќе изработи акциски план за мир, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски во интервју за јапонскиот ТВ канал НХК Ворлд.
Имплементирање на сите препораки на Оценската мисија на Европската унија во судството очекува евроамбасадорот Дејвид Гир.
Сакраменто: Пожарот е повеќе од двојно зголемен за 24 часа и досега изгоре повеќе од 141.640 хектари северно од главниот град на Калифорнија, Сакраменто, соопшти локалната служба за заштита од пожари.
Околу три ипол пати повеќе абортуси имало во 2023 година споредено со 2020 година на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, покажуваат податоците од Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари (МАГО). За четири години, на оваа Клиника имало вкупно 2.626 абортуси, а бројот секојдневно растел од 2020 година до 2023 година. Во 2020 година биле извршени 324 абортуси, во 2021 имало 554, во 2022 имало 615, а лани 1.133 абортуси. Најмладата пациентка имала 13 години.