Author: Zoran Ivanov
Во четврток и петок, 29. и 30. август е пријавувањето во првиот рок за упис во прва година додипломски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје за студиската 2024/2025 година.
Зоран Иванов Денеска ден на украинскиот народ, триесет и три години независност на неговата држава, чествување во организација на украинската амбасада во Скопје, чест голема направи па и знамето украинско го носеше и премиерот Мицкоски, го држеше едниот крај на речиси 30 метарскиот украински сино жолт бајрак, го придржуваше на чело на знаменосечката колона од паркот Жена борец па двесте, триста метри натаму до украинската алеја каде се одржа свечената церемонија и, и, и поентата на оваа една реченица е дека овој настан не го објави ниту една македонска национална телевизија иако на местата на чествувањата беа сите камери на…
На аеродромот Бурже француската полиција го уапси Павел Дуров, коосновач и извршен директор на агенцијата Телеграм.
Четири лица се повредени утринава, меѓу кои и еден полицаец, во најновиот во низата напади со нож во Сиднеј, соопшти полицијата.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го унапреди врховниот командант на вооружените сили на Украина, Олександр Сирски, во генерал.
Украина и Русија разменија повеќе од 100 воени заробеници вчера на денот на независноста на Украина.
Исламската држава го опиша човекот кој го изврши нападот како „војник на Исламската држава и некој кој го изврши нападот како одмазда за муслиманите во Палестина и насекаде“.
Припадниците на елитната команда за специјални операции (СЕК) вечерва извршија рација во Центарот за сместување бегалци во Солинген како дел од потрагата по напаѓачот кој вчера вечерта уби три лица, а рани осум на фестивал во центарот на градот.
Овие граматички “вратоломии” кои редовно се користат во нашите медиуми, во кои суптилно Косово редовно се третира како област во состав на друга држава, а не независна држава, па последователно и редовно употребата на предлогот “на”, наместо предлогот “во”, па информациите кои се однесуваат на настани поврзани со државата Република Косово, добиваат чудни форми, непознати за другите, еве нека бидат и соседни држави: се сомневам дека некој летово замина на одмор “на Грција”, а не “во Грција”? Па, како тогаш Блерим Рамадани е “на Косово”, а не “во Косово”?
Овој гест на Мицкоски и високите функционери на ВМРО-ДПМНЕ во владата, за мене е големо и пријатно изненадување. Без шега и иронија. Дали е акт на вистинска и искрена политичка волја на Мицкоски или е само пи-ар, ќе покаже времето. Како тоа ќе се одрази врз интензитетот и формите на руската пропаганда во македонските медиуми, исто така, останува да се види. Џабир Дерала Владиниот врв, на чело со премиерот Мицкоски и првиот вицепремиер Меџити и неколку министри и високи функционери присуствуваа на одбележувањето на Денот на независноста на Украина во Скопје. Владиниот врв уредно и со почит присуствуваше од почетокот до…
Солинген: Едно лице, петнаесет годишно момче за кое се верува дека се познавало со напаѓачот, е приведено, а во рамките на истрагата по синоќешниот смртоносен напад со нож во Солинген, западна Германија, соопшти денеска полицијата.
Солинген: Три лица загинаа, а пет се тешко повредени синоќа во напад со нож во градот Солинген во западна Германија. Полицијата презеде голема операција за пронаоѓање на осомничениот кој побегнал во. Според извештаите на медиумите, маж по случаен избор ги избодел минувачите на фестивалот на прославата на 650-годишнината на градот. Инцидентот се случил на Фронхоф, пазар во центарот на градот, каде што била поставена музичка сцена. Медикумите објавија дека три лица загинале, а најмалку девет се повредени од кои неколку се животна опасност. По нападот, градот Солинген целосно ја откажа прославата на 650-годишнината.