Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Zoran Ivanov
Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека „нема место за такво насилство“ откако поранешниот претседател на САД Доналд Трамп беше повреден по пукање на изборен митинг во Пенсилванија. „Благодарен сум што слушнав дека е безбеден и се чувствува добро“, рече Бајден во изјавата, додавајќи: „Се молам за него и неговото семејство и за сите оние кои беа на митингот, додека чекаме дополнителни информации“. Тој додаде: „Нема место за ваков вид насилство во САД. Мораме да се обединиме како една нација за да го осудиме“.
Доналд Трамп мораше да ја напушти бината на митингот во Батлер, Пенсилванија, откако се слушнаа истрели од редовите на посетителите на неговиот предизборниот митинг како кандидтот за Претседател на САД, јавуваат новинските агенции.
Влада на Република Северна Македонија: Еден месец кризна состојба поради пожари и опасност од пожари
Владата донесе одлука за постоење кризна состојба поради зголемена појава на пожари на територијата на земјата.. На седницата, која се одржа вечерва, поради топлотниот бран и состојбата со пожарите, Владата одлучи кризната состојба да биде во траење од 30 дена. Како што информираат од Владата, Министерството за внатрешни работи се задолжува да ангажира полициски сили во функција на поддршка при гасење на пожарите. Министерството за здравство и здравствениот персонал од општа и медицина на трудот се задолжуваат да бидат во приправност за времетраењето на кризната состојба, додека Министерството за финансии се задолжува да обезбеди дополнителни наменски финансиски средства доколку за…
Славјанка Петровска Асистенотот на татко му а сега премиер си го земал син му во делегација во САД! Ова младо дете на фотографијата не е најдобриот студент во Македонија. Не е ниту стипендист на државата. Не е учесник на некој конкурс или јавен повик за студенти, па како награда да биде дел од државната делегација предводена од Премиерот Мицкоски. Се прашуваше кој е? Синот на Христијан Мицкоски. Да, првото официјално владино патување го претвори во семејно патување. Не се чудете, Мицкоски напредуваше во кариерата како асистент на сопствениот татко. Од Фејзбук ѕидот на авторката
Маја Анастасова Не е интелектуалец тој што нема храброст да ја каже вистината. Тоа е ставот на Џевдет Хајредини, кој беше вториот министер за финансии во самостојна Република Македонија. Секојдневно е присутен во јавноста преку социјалните мрежи од каде што ги „бомбардира“ властите (без оглед на составот) со критики. Јасно и гласно укажува на лошите постапки, на погрешните потези и на промашувањата. Материјал за тоа не недостасува, па во денот неговите бројни следбеници можат да прочитаат и по неколку „пецкања“ на различни теми. Сепак, поинтересно е кога со него се разговара во „живо“. Пари: Законите и договорите со таканаречените стратешките…
Ако не може “Република Македонска”, барем коридорот на “српскиот свет” нека биде на унгарски кредит?
Ивон Величковски Точна е констатацијата на лидерот на СДСМ Филипче дека договорениот кредит меѓу Мицкоски и Орбан ја воведува Северна Македонија во подредена позиција. Разликата меѓу условите на ова кредитно задолжување и претходното од Европската банка за развој јасно покажува дека ова е изнудено решение. Со него ВМРО-ДПМНЕ очигледно брза да ги дополни испразнетите општински каси, со кои 3 години доминантно управуваат кадри на – ВМРО-ДПМНЕ и неговите коалиционери. Имено, прашање што се наметнува е зошто 250 од 500-те милиони евра треба да завршат во локалните самоуправи кога владата на Заев, па на Ковачевски веќе ги покри заостанатите долгови на…
Студентите со голем интерес го проследија предавањето на единствениот сертифициран полиграфист во МВР, Костадин Иванов. Тој објасни дека полиграфот ги испитува, ги чита невролошките и психофизиолошките реакции на испитаникот, ги мери и ги запишува на софтверот, додека полиграфијата опфаќа три научни области: право, криминалистика и невропсихофизиологија. Полиграфот е инструмент што е конструиран така што истовремено ги регистрира промените во крвниот притисок, пулсот, дишењето или т.н. електродермални реакции кај лицето што се испитува Студентите на Факултетот за детективи и криминалистика при Европскиот универзитет – Скопје имаа можност да се запознаат со полиграфската техника, методите на работа и начинот како ја користат…
Емилија Целакоска Чекај малку – кои се тоа „ние”?! Бидејќи ВМРО-ДПМНЕ со сигурност не правеше сѐ, ако мисли ЗА европскиот пат. ВМРО-ДПМНЕ правеше сѐ спротивно на тоа. „Народот”, во реченицата, всушност се оние на коишто и денес им објавува безобразно формулирана ортопедска дијагноза на ‘рбетот. ВМРО-ДПМНЕ воопшто не е дел од тој „народ” што го споменува и со ваква изјава практично се дефинира самата, дека: ВМРО-ДПМНЕ не е народ, не е дел од народ, туку е надвор од секаква смисла за народ, а се кити со перја на народ и си се нарекува народ. ВМРО-ДПМНЕ настапи како Ваниш за народ…
Социјалдемократите ќе ги користат сите институционални механизми против кредитот од пола милијарда евра од Унгар Како што тврдат од СДСМ, од досега достапните податоци кредитот воопшто не е поволен и не нема никаква економска и финансиска оправданост. Според СДСМ, кредитот е политички мотивирана одлука. Наместо кредитирање преку проверени финансиски инструменти кои позитивно ќе влијаат на кредитниот рејтинг на земјата, Мицкоски во четири очи договорил кредит со кој се ризикува соработката со реномирани финансиски институции. Јасно е дека станува збор за политички мотивирана одлука на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, а кои ќе бидат влијанијата на Унгарија преку оваа соработка допрва ќе видиме,…
Љупчо Поповски: Во мај годинава „Њујорк тајмс“ напиша многу обемен текст за Гренел. Во него има спектакуларни детали собрани од разговори со 40 луѓе за Американецот за српска употреба, кој прави мрежа да стане идниот државен секретар. Еве некои детали од него, за подобро да разберете од што е изграден овој нов македонски олтар. „Потрагата на Ричард Гренел да биде државен секретар во втората администрација на Трамп започна доцна на денот на изборите во 2020 година, кога поразениот претседател испрати лојалисти да водат шамболични операции за ‘запирање на крадењето’ во државите на бојното поле. Претседателот Доналд Трамп го одреди Гренел…
Во парите се познаваат пријателите, а „Орбан покажува една прекрасна визија за Македонија“. Дали Македонија тргнува по несигурни патеки? Љупчо Поповски Премиерот на Северна Македонија Христијан Мицкоски и унгарскиот премиер Виктор Орбан во Вашингтон. Ние мислевме дека ВМРО-ДПМНЕ и неговиот лидер имаат визија за Македонија во наредните години и за таа визија граѓаните им ја дадоа довербата на изборите. Но изгледа дека не било така, или барем не е во овој момент. Затоа што тие да ти биле подизведувачи. Визијата доаѓала од некое друго место. Додека нѐ држеше незаспани за време на гостувањето на телевизија Алфа, потпретседателот на владата и…