Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Zoran Ivanov
Македонска владина делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски од денеска до четврток ќе учествува на Самитот на НАТО во Вашингтон, на кој ќе се одбележи 75-годишнината од формирањето на Алијансата во 1949 година и на кој главни теми ќе бидат обезбедувањето сигурна и стабилна поддршка за Украина, плановите за одвраќање и одбрана на членките на Пактот, зајакнувањето на одбранбена индустрија и инвестициите и зацврстувањето на глобалните партнерства. Во состав на владината делегација се и министрите за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, за одбрана Владо Мисајловски и за внатрешни работи Панче Тошковски. Во пресрет на Самитот, шефот на дипломатијата…
Поддржувачите на левицата се собраа на улиците на француските градови од Париз до Марсеј, откако левиот „Нов народен фронт“ победи на изборите, пишува францускиот весник „Монд“. Истовремено, активистите и симпатизерите на „Националниот собир“ изразуваат разочарување и тврдат дека изборите им биле одземени, откако сите анкети предвидуваа победа на крајно десничарската формација на Марин Ле Пен. Британскиот весник „Гардијан“ прогнозира политичка блокада во Франција, истакнувајќи дека ниту една партија не освоила мнозинство. Премиерот Габриел Атал веќе поднесе оставка. Бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва ги поздрави резултатите на „Нов народен фронт“, наведувајќи дека е „многу среќен“ од „демонстрацијата на величина…
Париз: Левичарскиот сојуз кој победи на парламентарните избори во Франција, иако без апсолутно мнозинство, се очекува „во рок од една недела да биде во позиција да предложи кандидат“ за премиерската функција, изјави утринава Оливие Фор, лидер на Социјалистичката партија . Фор, чија формација е една од партиите во левичарскиот сојуз, увери дека изборот на премиер ќе се направи „или со консензус или неизбежно е да има гласање“ меѓу различните формации во коалицијата Нов народен фронт. Алијансата е составена од неколку левичарски партии, вклучувајќи ги Социјалистичката партија, Зелените, Комунистичката партија и „Несомнена Франција“ (La France Insoumise).
Во медиумите низ Македонија деновиве се шират лаги за финансиското работење на Постојана мисија на Република Северна Македонија пеи ООН во Њујорк и за амбасадорот, професорот Љубомир Фрчкоски, со поднаслов „од извори на МНР“. Клучниот дел од тие лаги поранешниот министер, Бујар Османи, ги демантираше јавно нарекувајќи ги токму така „лаги“ ((https://www.mfa.gov.mk/mk/page/13/post/3473/fabrikata-za-lagi-prodolzhuva-da-shiri-manipulacii-i-netrpelivost), а се однесуваа на добиените пари за сукцесија на објектот на поранешната СФРЈ во Њујорк. Да потсетиме, конструкциите се однесуваа на тврдењата дека „амбасадорот со тогашниот Премиер прави матни зделки со тие пари и не ги внесува во буџетот каде законски припаѓаат“. За тие тврдења кои сега, независно…
Според прелиминарните резултати од вториот круг од вонредните парламентарни избори во Франција, што рано утринава ги објави француското Министерство за внатрешни работи, левичарската коалиција Нов народен фронт (НФП) освои 182 места во националното собрание, објави Монд. Политичкиот сојуз на актуелниот француски претседател, центристичкиот блок Заедно, освои, според тие податоци, 168 пратенички места, а на трето место е крајнодесничарската партија Национален собир (РН) на Марин Ле Пен со 143 освоени пратенички места. Либерално-конзервативната партија Републиканците освоија 45 пратенички места, десничарската коалиција 15, левиот блок 13, а регионалистите четири пратенички места.
Говорејќи по предвремените избори во Франција кои открија дека ниту една партија нема да може да формира мнозинска влада, Атал рече дека ќе се повлече утре наутро. Иако имавме трипати подобри резултати отколку што беше предвидено, тоа не значи дека тоа е мнозинство, рече Атал. Партискиот ансамбл на Атал – истата партија како и претседателот Емануел Макрон – се очекува да заземе 150-175 места во Националното собрание. Дами и господа, оваа вечер има нова ера. Има нова ера, што се однесува до мене, од утре, кажа тој.
Венко Филипче: Христијан Мицкоски, кој за Вашингтон отиде со пола од неговите министри, гордо преку видео ни порача дека е на самитот на НАТО. Човекот кој жолчно работеше против членството во Алијансата и целата своја политичка стратегија ја базираше на блокада на тој процес, денес без грам срам се однесува како ништо да не било. Лицемерието на политиката на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски достигнува неверојатни граници. Тој заборави да каже во видеото која земја ќе ја претставуваат со Тошкоски, Мисајловски и Муцунски во Вашингтон, Северна Македонија или како што им ги подгреваа очекувањата на граѓаните – никогаш Северна само Македонија? Мицкоски…
Лидерот на левичарската коалиција Нов народен фронт, Жан-Лук Меланшон, кој води на парламентарните избори во Франција, вечерва изјави дека францускиот претседател Емануел Макрон мора да го признае поразот. Макрон мора да го признае поразот. Тој има должност да ја повика нашата коалиција да формира влада, рече Меланшон. Тој посочи дека „поразот на Макрон дефинитивно е потврден“, додавајќи дека премиерот на Франција, Габриел Атал мора да ја напушти функцијата, пренесува Фигаро. Според анкета на ИФОП по затворањето на гласачките места во Франција, на прво место е левичарската коалиција Нов народен фронт, која би можела да освои меѓу 180 и 215 места…
Ова жешко лето туѓиот успех ќе се одработи како свое големо достигнување. Тоа што вчера беше предавство, утре ќе биде голема победа. Ерол Ризаов Премиерот Христијан Мицкоски ги засукал добро ракавите и орен е за работа со својот тим да го спасува болниот на Балканот, кој како што лично дијагностицирал, е на смртна постела и само што не умрел. Верувам дека тој како и сите пред него, верува во тоа што го ветува и го приложува како програма за работа на владата и го соопштува на јавноста сугестивно и еуфорично на стартот на владеење како и неговите претходници. Сѐ е убаво…
Љупчо Поповски Новата македонска влада брзо сфати дека за религијата на популизмот тешко се наоѓаат олтари. Се откажа од коктелот, во кој главна состојка беше „никогаш Северна“, кој за граѓаните беше главниот напиток. Маневарски простор за новата македонска влада за исполнување на некои популистички ветувања од кампањата речиси и да немаФотографија: Petr Stojanovski/DW Нема ништо чудно, ниту нелогично, ниту, пак дијаболично, кога политичарите зборуваат едно, даваат неверојатни ветувања за доследност во политиката, за некакви линии (од каква било боја) дека само тие се вистинските претставници на народот и дека само тие знаат како да ги однесат граѓаните во иднината, а…