Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Zoran Ivanov
Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека никој од него не е поквалификуван да се кандидира на претстојните избори и дека само Бог може да го отстрани од претседателската трка. Мислам дека нема некој поквалификуван од мене и ќе се откажам само ако Господ Бог зборува со мене и ми каже да го сторам тоа“, рече Бајден во интервју за ТВ ABC. Бајден го нарече својот настап на дебатата на 27. јуни со републиканскиот кандидат Доналд Трамп „лоша епизода“. Нема индикации за некоја сериозна состојба. Бев исцрпен“ изјави Бајден. Водителот Џорџ Стефанопулос инсистираше Бајден да каже што би направил доколку неговата…
Вашингтон: Белата куќа и се приклучи на Европската унија со критиките за посетата на унгарскиот премиер Виктор Орбан на Русија. Бидејќи Москва е отфрлена и под санкции поради нејзината војна во Украина, посетата „нема да ја унапреди каузата за мир и е контрапродуктивна за промовирање на суверенитетот, територијалниот интегритет и независноста на Украина“, изјави портпаролката Карин Жан-Пјер.
Москва: Изминатиот викенд кинески воен транспортен авион „Y-20“ слета во Москва, Русија. Појавата на овој авион, способен за транспорт на воен товар, предизвикува загриженост поради тековната војна на Русија против Украина. Извештаите за слетувањето на авионот во Русија циркулираат на веб-страниците за следење на авијацијата. Нема официјална изјава за целта на посетата на авионот на Москва. Присуството на „Y-20“ во Москва е забележливо со оглед на геополитичкиот контекст. Авионот, дизајниран за транспорт со тежок товар, може да носи значителна воена опрема и персонал.
Британскиот премиер и лидер на конзервативците Риши Сунак го призна поразот на вчерашните парламентарни избори и му ја честиташе победата на лидерот на лабуристите Кир Стармер. Лабуристичката партија победи на овие општи избори и му се јавив на Кир Стармер за да му честитам на победата, рече тој. Сунак нагласи дека власта ќе се смени „уредно и мирно“ и ја презеде одговорноста за поразот на изборитев. Британскиот народ донесе отрезнувачка пресуда и јас ја преземам одговорноста за поразот. За многуте добри, вредни конзервативни кандидати кои изгубија вечерва … Жал ми е – додаде британскиот премиер во заминување. Лабуристите освоија 410…
Германската Фондација Југоисточна Европа во германскиот Бунденстаг во Берлин му ја додели годишната награда за солидарност за новинари за 2024 година Џабир Дерала од Цивил. Поздравни обраќања имаа Мануел Саразин, претседател на Асоцијацијата на Југоисточна Европа и Јосип Јуратовиќ, претседател на германско-југоисточна парламентарна група на Европа и заменик-претседател на Асосијацијата на Југоисточна Европа.
Вашингтон: Членови на семејството на американскиот претседател Џо Бајден, особено неговата сопруга Џил и синот Хантер, ги обвинуваат советниците на американскиот лидер за неговиот катастрофален настап на неодамнешната телевизиска дебата и бараат нивна смена, јави денеска Ен-би-си. Членовите на семејството на Бајден се повеќе ја оспоруваат неговата предизборна стратегија и бараат начини за „ревитализација“. Според нив треба да бидат сменети советничката во Белата куќа, Анита Дан и најверојатно нејзиниот сопруг, Боб Бауер, личниот адвокат на претседателот. Членовите на семејството Бајден почнаа да анализираат што се случило на дебатата веднаш по нејзиното завршување, во обид да откријат кој го преоптовари претседателот…
Комити кои во изминатиот период управуваа со клубот известуваат дека е постигнат договор со нов сопственик и дека наскоро ќе биде објавено неговото име. Би сакале да потенцираме дека во текот на преговорите, заедно со сите засегнати страни, успеавме да го постигнеме најдоброто решение за Вардар и да ги донесеме најважните одлуки за кои длабоко веруваме дека ќе допринесат пред се кон процесот на целосна рехабилитација на клубот од повеќегодишната криза, а воедно и дека истите ќе допринесат кон тоа да клубот во најбрз можен временски период, повторно се врати на шампионските патеки – онаму каде што припаѓа. Тоа е…
Според Гир, новата власт мора да биде претпазлива, а драстичните чекори, како што вели амбасадорот, не секогаш даваат резултат. Тој, на Конференцијата за напредокот при спроведувањето на препораките од Оценската мисија на ЕУ од страна на Судскиот совет на Република Северна Македонија, ја поздрави амбицијата на власта за борба против корупцијата но додаде дека напредокот на ова поле ќе се оценува по она што е сторено во практика. Евро амбасадорот Гир повика да се имплементираат препораките на Оценската мисија на експертите на ЕУ кои се занимаваа со реформи во Судскиот совет. Напорите да се засили владеењето на правото не треба…