Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Zoran Ivanov
Претседателот на САД, Џо Бајден, нема апсолутно никаква намера да ја повлече својата кандидатура за втор мандат, изјави денеска во Вашингтон портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер. Демократот Бајден продолжува да води кампања и останува во трката, истакна Жан Пјер на брифингот со новинарите.
Потпретседателката на САД Камала Харис денеска ја отфрли идејата дека претседателот Џо Бајден треба да се повлече од изборната трка, откако демократскиот конгресмен Лојд Догет од Тексас го повика да ја напушти трката по „лошиот“ настап на дебатата минатата недела. – Видете, Џо Бајден е нашиот кандидат. Ние еднаш го победивме (републиканскиот кандидат Доналд) Трамп и ќе го победиме повторно, точка, рече таа во интервју за Си-Би-Ес Њуз. Таа нагласи дека е горда што е потпретседателка на Џо Бајден и одби директно да одговори на прашањето дали е подготвена да ја води земјата доколку е потребно.
Скопје: ЈЈСП првично соопшти дека јавниот превоз ќе продолжи да функционира непречено, априватните превозници ќе продолжат да возат согласно свозниот ред и дека долгот ќе им се сервисира со динамиката која приватниците и в.д.директорот на ЈСП Скопје, Драги Кушовски, ја договорија непосредно по неговото именување на чело на претпријатието, соопштија попладнево од Јавното сообраќајно претпријатие Скопје. Во меѓувреме градоначалничката Аровска го разрешила само пред некој ден од неа именуваниот в.д. директор Кушовски и од градот денеска негираат дека ЈСП има било каков долг спрема приватните автобуски превозници. Дел од приватните превозници во јавниот градски превоз во Скопје бараа финансии за…
Спофија: Бугарскиот Парламент денеска го отфрли предлогот за формирање нова влада, предложен од централнодесничарската партија ГЕРБ, што најверојатно ќе ја доближи земјата до нови избори, седми по ред во изминатите три години. ГЕРБ предложи Росен Желјазков, актуелниот претседател на Парламентот, да ја води новата влада наместо нејзиниот лидер Бојко Борисов, кој претходно водеше три влади меѓу 2009 и 2021 година, кога неговиот трет кабинет поднесе оставка по масовните антикорупциски протести. Иако Борисов се обиде да најде коалициски партнери во други помали партии, тој не успеа да обезбеди доволна поддршка. Претседателот на Бугарија, Румен Радев следниот мандат за формирање влада ќе…
Вашингтон: Американскиот претседател Џо Бајден ќе има интевју за Еј-Би-Си в петок на своето прво телевизиско интервју откако неговата изборна дебата против Доналд Трамп покрена прашања за неговата способност за извршување на функцијата. Првични инсерти од интервјуто ќе се емитуваат в петок, на 5 јули… Целото интервју ќе се емитува в недела, на 7 јули, се вели во соопштението на Еј-Би-Си Њуз.
Њујорк: Судија од Њујорк кој го води случајот пари-за-молчење против Трамп го одложи изрекувањето на пресудата на републиканскиот претседателски кандидат за 18 септември, јавија американските медиуми. Изрекувањето на пресудата е одложено за 18 септември во 10 часот, објави судијата Хуан Мерчан. Претходно денеска беше објавено дека обвинителите во случајот не се противат на таквото одложување по значајната одлука за имунитетот на Трамп, донесена вчера од Врховниот суд. Случајот се однесува за прикривање на купувањето на молкот на порно ѕвезда за да ја спречи да открие интимна врска со Трамп, што тој негира дека имал со неа.
Ерол Ризаов Професорот сигурно ја совладал првата лекција: што е најважно да знае кога ќе стане премиер. Дека правдата и правото се едно, а политиката на остварување на државните интереси е нешто сосема друго. Пишува Ерол Ризаов. Каква голема трагедија не снајде, откриена е Бугарка во македонска влада. Да имаше такво сензационално откритие само пред два месеци во „предавничката“ влада ќе беше многу полошо од жена на гусарски кораб. Се случи баш сега страшна одмазда на историјата и тоа како фарса. На македонскиот патриотизам, гордост и достоинство му е зададен удар од торпедо што го испалија наследниците на солунските атентатори.…
Француска новинска агенција АФП во анализата на релација Москва – Белград – Брисел наведува дека ЕУ често изразува загриженост за односите на Србија со Москва. Уште минатата недела шефот на европската дипломатија Жозеп Борел, потсети дека „блиските врски со режимот на Владимир Путин, не се компатибилни со европската иднина – ја анализира средбата на српскиот претседател, Александар Вучиќ со рускиот заменик министер за надворешни работи на Русија, Александар Грушко новинската агенција АФП. Српските медиуми објавија осврт на Француската новинска агенција на денешната средба во Белград на која била пофалена соработката помеѓу Србија и Русија која, се наведува, Белград никогаш целосно…
Њујорк: Истражување спроведено меѓу граѓани на 13 земји членки на НАТО, покажа дека во просек околу шеесет отсто од испитаниците имаат позитивен став кон овој западен воен сојуз, објави денеска Истражувачкиот центар Пју.Резултатите од истражувањето беа објавени во пресрет на самитот на НАТО, што ќе се одржи од 9 до 11 јули во Вашингтон. Триесет и две земји-членки на НАТО ги прилагодуваат своите долгорочни планови и стратегии за да се спротивстават на рускиот претседател Владимир Путин и да одговорат на барањата на Украина во борбата против инвазијата на руските сили. Поддршката за НАТО меѓу 13-те земји каде што беше спроведено…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска, по средбата со унгарскиот премиер Виктор Орбан во Киев, дека двајцата разговарале за начините за постигнување праведен и траен мир. Благодарен сум ѝ на Унгарија за учеството на мировниот самит (во Биргенсток, Швајцарија, минатиот месец). Нашата работа во овој формат навистина помага да се стави крај на војната“, рече Зеленски во објава на Икс. Тој исто така му се заблагодари на Орбан што ја посети Украина првпат по 12 години.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан, по средбата со украинскиот претседател за време на ненадејната посета на Киев, изјави дека побарал од Зеленски да размисли за итен прекин на огнот и додаде дека тоа е начин да се забрзаат мировните преговори со Русија. Орбан нагласи дека Будимпешта сака да ги подобри врските со Украина и да потпише билатерален договор за соработка, но и да учествува во економскиот развој на Украина. Зеленски на заедничката прес-конференција рече дека денешните разговори со Орбан може да бидат основа за идните договори меѓу Киев и Будимпешта. Ова е прва посета на Орбан на Украина од почетокот на…