Author: Zoran Ivanov

Околу стотина кандидати од левицата и од парламентарното мнозинство околу францускиот претседател Емануел Макрон се откажуваат од учество во вториот круг на парламентарните избори. Во 306 изборни окрузи од вкупно 577 низ целата земја има по тројца кандидати кои одат во вториот круг. Во пет окрузи има дури и по четворица кандидати. Од овие 311 окрузи, каде што за вториот круг има повеќе од двајца кандидати, во 161 округ водат кандидати на „Националниот собир“ или нивните сојузници. Меѓу оние кои се откажале од учество во вториот круг се претежно претставници на левиот „Нов народен фронт“. Така, на пример, во Нормандија…

Read More

Киев: Украинската служба за безбедност,СБУ, и Државното обвинителство денеска објавија дека група активисти планирале провокации во главниот град Киев минатата недела, со цел да го заземат парламентот и да формираат привремена влада. Четворица мажи се под истрага, а на двајца од нив им е одреден притвор. На осомничените им се заканува казна затвор до десет години и конфискација на имот. Припадниците на СБУ откриле оружје и муниција за време на рацијата. Истрагата утврдила дека во текот на мај и јуни оваа година група луѓе на социјалните мрежи повикувале на дискредитација на актуелниот државен врв, промена на уставниот поредок и преземање…

Read More

Њујорк: ОН ја осудија руското попречување на работата на сателитските системи во европските земји и ја повикаа Москва да престане со тоа, се вели во документ објавен денеска. Меѓународната унија за телекомуникации (ITU) минатата недела разгледала серија жалби од Украина и четири европски земји, Франција, Холандија, Шведска и Луксембург, за попречувањето на сателитите во последните месеци. Во тие инциденти биле попречувани GPS сигналите, загрозена контролата на воздушниот сообраќај и прекинувани детските телевизиски канали за да се прикажуваат насилни сцени од војната во Украина. Комитетот за радиорегулативи на ITU изрази „сериозна загриженост“ за „намерното“ попречување на сигналите и оцени дека тоа…

Read More

Мери Јордановска: Сопругот, кој пројавувал љубоморно, посесивно и контролирачко однесување, постојано ја следел и ја распрашувал каде се наоѓа и со кого. Контролата од негова страна се интензивирала, при што сопругот почнал да ѝ ја одзема платата, па била принудена на дневно ниво да бара пари од него. Со тек на време, физичкото насилство во нивниот дом и заканите од сопругот станале секојдневие, а нејзиното движење било строго ограничено до работа и назад. Во спротивно, тој станувал вербално и физички насилен, а понекогаш и не ѝ дозволувал да влезе дома, доколку задоцни. Нивното малолетно дете често било сведок на насилството.…

Read More

Мери Јордановска По 21 година брак, од 1998 до 2019 година, сопругот враќајќи се од кладилница влегува дома и почнува да ја навредува својата сопруга пред очите на нивната 17-годишна ќерка. „К*рво“, к*рво оди си, к*рво оди си само“, биле дел од зборовите кои тој ги упатувал кон својата сопруга. Почнува да ја турка, да ја удира по грбот со тупаници, ја клоцал, имала огромна модринка во задниот дел од телото и ја стегал за рацете за да ја исфрли надвор. Нејзината ќерка А. ја бранела со зборовите „тато немој, тато немој“. Таткото излегува од дома и се заканува дека…

Read More

Партијата „Национален собир“ на Марин Ле Пен синоќа извојува убедлива победа во првиот круг од парламентарните избори во Франција, пишува „Њујорк Тајмс“. За претседателот Емануел Макрон, резултатот од изборите претставува сериозен неуспех, откако се обложи дека победата на „Национален собир“ на неодамнешните избори за Европскиот парламент нема да се повтори, забележува изданието. Макрон не беше обврзан да ја фрли Франција во летни превирања со набрзина организирање избори, но беше убеден дека негова демократска должност е да го тестира француското расположение преку гласање на национално ниво, коментира американскиот весник. Првиот круг на гласање сугерира дека најверојатниот конечен резултат ќе биде или…

Read More

Поранешниот министер за здравство Венко Филипче победи на внатрепартиските избори за претседател на СДСМ. По обработени 74 од 77 избирачки места, Филипче освои 8.474 гласови што е околу четири пати повеќе од Јован Деспотовски за кои гласале 2.291 гласачи, додека пак Александар Бајдевски освоил 868 гласови. Веднаш по затворањето на избирачките места, Бајдевски реагираше на малата излезност и порача дека тоа е поради немањето отчетен Конгрес и избрзаниот како што рече изборен процес. Деспотовски пак најави приговори и обвини дека над 10 000 социјалдемократи кои се регистрирале за гласање не можеле да гласаат.

Read More

Демократската унија за интеграција денеска во Тетово почна седница на Генералниот совет свикана од партискиот претседател Али Ахмети. Актуелните политички случувања во државата е темата на Советот, за што свое излагање имаше Ахмети. Лидерот на ДУИ ги повтори обвинувањата кон ВМРО – ДПМНЕ и претседателот Христијан Мицкоски дека не го почитувале легитимитетот на гласачите Албанци. Ставот на ВМРО, не го оспоруваме, нивниот легитимитет. Ние го оспоруваме и ќе го демонстрираме нашето незадоволство и револт поврзано со нивната неправедна одлука во насока на непочитување на легитимитетот кој е постигнат од страна на ДУИ и Европскиот фронт. Оваа Влада нема легитимитет, нема…

Read More

РИБАРО Како што ексклузивно дознава АХА, луксузните рачни часовници на премиерот Мицкоски кои вредат над 52 илјади евра, од срам за газдата, бараат да бидат трампани за амбулантно возило. Мислевме како да го измиеме срамот што ни го приреди нашиот сопственик – премиерот Мицкоски, па решивме дека треба да бидеме заменети со амбулантно возило кое ќе им користи на граѓаните. Ние од Мицкоски бараме замената да ја направи што е можно поскоро, така што би можеле да уживаме на раката на сопственик што ќе ја цени нашата вредност, а не да нè крие со години небаре ние, а не тој,…

Read More

Бранко Тричковски Пред една недела напишав два сериозно смешни статуса на кои во оваа прилика ќе си земам слобода да ве потсетам. Така му звучи попристојно отколку да речам дека ќе се цитирам. Значи, вака: „Офаманаман дознава дека на состанокот на НАТО во Вашингтон, меѓународната заедница ќе се обиде на Мицкоски да му втисне огнен жиг на челото, како што на времето каубоите ја бележеле стоката, или да му закачи жолта маркичка на десното увце, демек, ако се загуби да знаат тие што ќе го најдат дека е од Северна Македонија, без обврска да го враќаат, фала богу. Ако, пак,…

Read More

Унапредување на политиката на проширување на ЕУ со земјите од Западниот Балкан, зајакнување на заедничката одбрана и подобрување на европската конкурентност, се трите врвни приоритет на претседавањето на Унгарија со Европската Унија во следните шест месеци, што официјално стартува утре и чие мото е „Да ја направиме Европа повторно голема“. Како што информира постојаниот претставник на Унгарија при ЕУ, Балинт Одор на прес-конференција во Брисел на која ја презентираше унгарската програма за претседавањето со блокот, Будимпешта има седум приоритети. Покрај проширувањето, одбраната и конкурентноста, меѓу приоритетите на унгарското претседателство ќе бидат и зајакнување на сигурноста на надворешните граници на ЕУ,…

Read More