Author: Zoran Ivanov

Вашингтон: Американската влада поднесе нова тужба против ТикТок, обвинувајќи ја кинеската компанија за незаконско собирање податоци за деца во случаи кога родителите се обиделе да ги избришат акаунтите на нивните деца.

Read More

Разбирањето на плодните денови е од суштинско значење за секоја тинејџерка која сака да има контрола над своето репродуктивно здравје. Плодни денови претставуваат периодот во текот на менструалниот циклус кога веројатноста за зачнување е најголема. Едукативен текст Сексуалното образование е клучен аспект во растот и развојот на тинејџерите. Во свет каде информациите се достапни на секој чекор, младите често се изложени на непроверени и погрешни информации за сексуалноста. Преку адекватно сексуално образование, тинејџерите можат да добијат точни и научно засновани информации за да им помогнат да донесуваат информирани одлуки за нивните тела, здравје и односи. Оваа едукација не само што…

Read More

Претседателот на Алијансата за Ново Косово, поранешен косовски претседател и еден од најбогатите Албанци во светот, Беџет Пацоли, објави дека првиот човек на Одделот за безбедност на патници при Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА) од Торонто, со кого патувал за Италија, потврдил дека не „постои тип на имунитет што може да го оправда избегнувањето на контролата на секој патник кој лета со авион”. Оваа негова реакција следува по случката со претседателката на Косово, Вјоса Османи, на скопскиот аеродром. -Стана збор за настанот во Скопје. Бев на кусо патување за Италија со кој ми потврди (она што веќе го знаев)…

Read More

Бисера Трајковска Со филмот владеат политички династии. Ако се наградуваат политички династии, младиот човек ќе биде демотивиран, односно ќе биде мотивиран што побргу да побегне. Ако види дека живее во фер општество, колку и да е тоа сиромашно, ќе има доверба во системот. Иако корупцијата што ја укажав изминативе години ја потврдија и државни институции, инспекции, Министерството за култура, а и Транспаренси интернешнл  – сепак, самата влада не ги казни виновниците за корупцијата, туку ме казни мене како укажувач, вели во интервју за МИА режисерот Милчо Манчевски.

Read More

Газа: Најмалку 10 Палестинци се убиени денеска во израелски напад врз училиште во кое се сместени раселени лица во населбата Шеик Радван, во градот Газа, соопшти владината канцеларија за медиуми во палестинската енклава.

Read More

Киев: Украинската војска денеска соопшти дека потопила руска подморница и предизвикала значителна штета на противракетниот одбранбен систем С-400 на нелегално окупираниот полуостров Крим, пренесуваат руските медиуми. Според украинската војска, во вчерашниот напад биле оневозможени четири системи за воздушна одбрана „Триумф“. Украинските сили, освен тоа, успешно погодиле и ја потопиле и руската подморница „Ростов на Дон“ во кримското пристаниште Севастопол.

Read More

Големите компании кои остваруваат високи профити треба да си платат данок со прогресивна стапка, а не намалена стапка бидејќи тоа го кажува нормалната економска логика, а особено симптоматично е што во моментот три од петте најпрофитабилни фирми кои оствариле добивка по оданочување од над 50 милиони евра се банки. Соња Танеска Помал данок како награда за оние кои прават големи профити, и казна за оние кои се трудат да заработат за живот, посиромашните, вака економските експерти ги оценуваат даночните реформи на новата Влада, веднаш по „фамозниот“ унгарски кредит, како што е намалувањето на данокот на добивка за најбогатите компании, кои заработуваат…

Read More

Приштина: Специјалното обвинителство на Косово соопшти дека, по неколкумесечна истрага, денеска се уапсени пет лица осомничени дека извршиле воени злосторства врз цивили Aлбанци во последната војна во Косово.

Read More