Author: Zoran Ivanov

Венко Филипче: Христијан Мицкоски, кој за Вашингтон отиде со пола од неговите министри, гордо преку видео ни порача дека е на самитот на НАТО. Човекот кој жолчно работеше против членството во Алијансата и целата своја политичка стратегија ја базираше на блокада на тој процес, денес без грам срам се однесува како ништо да не било. Лицемерието на политиката на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски достигнува неверојатни граници. Тој заборави да каже во видеото која земја ќе ја претставуваат со Тошкоски, Мисајловски и Муцунски во Вашингтон, Северна Македонија или како што им ги подгреваа очекувањата на граѓаните – никогаш Северна само Македонија? Мицкоски…

Read More

Лидерот на левичарската коалиција Нов народен фронт, Жан-Лук Меланшон, кој води на парламентарните избори во Франција, вечерва изјави дека францускиот претседател Емануел Макрон мора да го признае поразот.  Макрон мора да го признае поразот. Тој има должност да ја повика нашата коалиција да формира влада, рече Меланшон. Тој посочи дека „поразот на Макрон дефинитивно е потврден“, додавајќи дека премиерот на Франција, Габриел Атал мора да ја напушти функцијата, пренесува Фигаро. Според анкета на ИФОП по затворањето на гласачките места во Франција, на прво место е левичарската коалиција Нов народен фронт, која би можела да освои меѓу 180 и 215 места…

Read More

Ова жешко лето туѓиот успех ќе се одработи како свое големо достигнување. Тоа што вчера беше предавство, утре ќе биде голема победа. Ерол Ризаов Премиерот Христијан Мицкоски ги засукал добро ракавите и орен е за работа со својот тим да го спасува болниот на Балканот, кој како што лично дијагностицирал, е на смртна постела и само што не умрел. Верувам дека тој како и сите пред него, верува во тоа што го ветува и го приложува како  програма за работа на владата  и го соопштува на јавноста сугестивно и еуфорично на стартот на владеење како и неговите претходници. Сѐ е убаво…

Read More

Љупчо Поповски Новата македонска влада брзо сфати дека за религијата на популизмот тешко се наоѓаат олтари. Се откажа од коктелот, во кој главна состојка беше „никогаш Северна“, кој за граѓаните беше главниот напиток. Маневарски простор за новата македонска влада за исполнување на некои популистички ветувања од кампањата речиси и да немаФотографија: Petr Stojanovski/DW Нема ништо чудно, ниту нелогично, ниту, пак дијаболично, кога политичарите зборуваат едно, даваат неверојатни ветувања за доследност во политиката, за некакви линии (од каква било боја) дека само тие се вистинските претставници на народот и дека само тие знаат како да ги однесат граѓаните во иднината, а…

Read More

Излезните анкети од изборите во Франција даваат различни бројки до тој степен што не може со сигурност да се каже која партија освоила најмногу гласови, јави Би-Би-Си. Француската телевизија му дава на Националниот сојуз помеѓу 120 и 160 седишта во парламентот, ако тоа е точно тогаш ова е изненадувачки пораз за РН, кој би бил трет. Две други анкети, вклучително и на најголемиот француски приватен канал TF1 и од RTL/M6, покажуваат дека РН е на второто место. Друга проекција му дава на РН најголем број седишта. Како и да е, она што е јасно е дека Франција оди кон парламент…

Read More

Според анкета на ИФОП по затворањето на гласачките места во Франција, на прво место е левичарската коалиција Нов народен фронт, која би можела да освои меѓу 180 и 215 места во парламентот. Центристичката коалиција предводена од претседателот Емануел Макрон би можела да освои меѓу 150 и 180 места. Крајно десничарската коалиција Национален собир на Марин Ле Пен е на последното место со очекувани 120-150 места, според анкетата на ИФОП. Според Би-Би-Си, и сите големи ТВ канали проектираат победа на левичарскиот сојуз, а не на Националниот собир на Марин Ле Пен и Џордан Бардела. Исти резултати објави и француската државна телевизија.…

Read More

Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, го потсети унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој учествува на самитот на Организацијата на турските земји, дека тој ја претставува својата земја на тој собир, а не ЕУ, со која Унгарија претседава во овој семестар. Жозеп Борел вчера во изјава нагласи дека учеството на Орбан на неформалниот самит на Организацијата на туркофонските земји во азербејџанскиот град Шуша на 5 и 6 јули е исклучиво во рамките на билатералните односи меѓу Унгарија и таа организација. Предупредувањето уследи по сличното предупредување издадено во петокот за посетата на Орбан на Москва,…

Read More

Александра Цветковска: Тоа што сум жена, не значи автоматски дека сум родово сензитивна. Може постојат и мажи коишто се повеќе родово-сензитивни од многу жени. Јас сум стигнала до ваму до каде што сум со многу обука, со многу читање, со разговор, и навистина мислам дека и новинарите и новинарките секако треба да работат на себе, на сфаќањето на тоа што значи родова еднаквост, за да можат да ја пренесуваат суштината на одредени настани и случувања а не само формата, истакнува Цветковска. Неда Димова Прокиќ – МИА Политичарките во државава се многу поизложени на штетни наративи за разлика од нивните машки…

Read More

Премиерот на Македонија Христијан Мицкоски заедно со министрите за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски, за одбрана Владо Мисајловски и за внатрешни работи Панче Тошковски денескаа заминаа во Америка.

Read More