Author: Zoran Ivanov

Римокатоличката црква во канадската провинција Сен-Жан ќе мора да им плати 104 милиони канадски долари на стотици жртви на сексуално насилство, се наведува во извештајот на компанијата „Ернст и Лонг“ подготвен на барање на канадското правосудство. На барање на канадското правосудство, утврдила дека 292-те жртви мора да добијат меѓу 55.000 и 850.000 канадски долари. Надбискупијата во Сен-Жан во источна Канада беше обвинета во 2020 година за еден од најголемите скандали за злоупотреба на деца во земјата, со што се стави крај на дведецениските правни битки и се создадоа услови за компензација за жртвите кои сѐуште се живи. Сексуално насилство го…

Read More

Во пресрет на Самитот на НАТО во Вашингтон, САД, каде што грчкиот премиер Киријакос Мицотакис најави дека ќе го отвори прашањето за почитувањето на Договорот од Преспа, Пентагон повика спорот меѓу земјите да се остави надвор од НАТО. Секогаш ги охрабруваме нашите сојузници и партнери да се придржуваат до договорите и да ги остават билатералните спорови и несогласувања надвор од НАТО Алијансата, за да се осигура дека има соработка и регионална стабилност во вашиот регион, изјави за Гласот на Америка на македонски јазик главниот директор за Европа и НАТО во Пентагон, Олтон Бјуланд. Тој истакна дека САД силно го поддржуваат…

Read More

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека никој од него не е поквалификуван да се кандидира на претстојните избори и дека само Бог може да го отстрани од претседателската трка. Мислам дека нема некој поквалификуван од мене и ќе се откажам само ако Господ Бог зборува со мене и ми каже да го сторам тоа“, рече Бајден во интервју за ТВ ABC. Бајден го нарече својот настап на дебатата на 27. јуни со републиканскиот кандидат Доналд Трамп „лоша епизода“. Нема индикации за некоја сериозна состојба. Бев исцрпен“ изјави Бајден. Водителот Џорџ Стефанопулос инсистираше Бајден да каже што би направил доколку неговата…

Read More

Вашингтон: Белата куќа и се приклучи на Европската унија со критиките за посетата на унгарскиот премиер Виктор Орбан на Русија. Бидејќи Москва е отфрлена и под санкции поради нејзината војна во Украина, посетата „нема да ја унапреди каузата за мир и е контрапродуктивна за промовирање на суверенитетот, територијалниот интегритет и независноста на Украина“, изјави портпаролката Карин Жан-Пјер.

Read More

Москва: Изминатиот викенд кинески воен транспортен авион „Y-20“ слета во Москва, Русија. Појавата на овој авион, способен за транспорт на воен товар, предизвикува загриженост поради тековната војна на Русија против Украина. Извештаите за слетувањето на авионот во Русија циркулираат на веб-страниците за следење на авијацијата. Нема официјална изјава за целта на посетата на авионот на Москва. Присуството на „Y-20“ во Москва е забележливо со оглед на геополитичкиот контекст. Авионот, дизајниран за транспорт со тежок товар, може да носи значителна воена опрема и персонал.

Read More

Британскиот премиер и лидер на конзервативците Риши Сунак го призна поразот на вчерашните парламентарни избори и му ја честиташе победата на лидерот на лабуристите Кир Стармер. Лабуристичката партија победи на овие општи избори и му се јавив на Кир Стармер за да му честитам на победата, рече тој. Сунак нагласи дека власта ќе се смени „уредно и мирно“ и ја презеде одговорноста за поразот на изборитев. Британскиот народ донесе отрезнувачка пресуда и јас ја преземам одговорноста за поразот. За многуте добри, вредни конзервативни кандидати кои изгубија вечерва … Жал ми е – додаде британскиот премиер во заминување. Лабуристите освоија 410…

Read More

Германската Фондација Југоисточна Европа во германскиот Бунденстаг во Берлин му ја додели  годишната награда за солидарност за новинари за 2024 година Џабир Дерала од Цивил. Поздравни обраќања имаа Мануел Саразин, претседател на Асоцијацијата на Југоисточна Европа и Јосип Јуратовиќ, претседател на германско-југоисточна парламентарна група на Европа и заменик-претседател на Асосијацијата на Југоисточна Европа.

Read More

Вашингтон: Членови на семејството на американскиот претседател Џо Бајден, особено неговата сопруга Џил и синот Хантер, ги обвинуваат советниците на американскиот лидер за неговиот катастрофален настап на неодамнешната телевизиска дебата и бараат нивна смена, јави денеска Ен-би-си. Членовите на семејството на Бајден се повеќе ја оспоруваат неговата предизборна стратегија и бараат начини за „ревитализација“. Според нив треба да бидат сменети советничката во Белата куќа, Анита Дан и најверојатно нејзиниот сопруг, Боб Бауер, личниот адвокат на претседателот. Членовите на семејството Бајден почнаа да анализираат што се случило на дебатата веднаш по нејзиното завршување, во обид да откријат кој го преоптовари претседателот…

Read More