Author: Zoran Ivanov
Да не се лажеме – цена секогаш се плаќа. Ако зборувате – тоа не е безбедно, т.е. го плаќате, но и ако молчите, уште понебезбедно е, уште повеќе го плаќате молчењето. Ако правите нешто со интегритет – не е безбедно, се плаќа, но ако не правите така – уште понебезбедно е, уште повеќе се плаќа. Слично е со вистината, слично е со солидарноста, така е со сите леви вредности. Но, токму овие вредности го носат тој подобар свет… Емилија Црлакоска Луѓето не сакаат слобода, вели Фром. Луѓето вообичаено се преплашени од товарот на одлучување во кој правец да се тргне…
СДСМ денеска на вонредни внатрепартиски избори ќе избира нов лидер на партијата. Гласањето ќе се одвива на 77 избирачки места ширум земјава, а своето право на глас ќе можат да го остварат околу 23 илјади акредитирани партиски членови. Во трката за нов лидер на СДСМ остануваат поранешниот министер за здравство и актуелен пратеник Венко Филипче, директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски, како и поранешниот заменик министер во МИОА Александар Бајдевски, откако поранешната министерка за одбрана и актуелна пратеничка Славјанка Петровска, вчера, на еден ден пред изборите ја повлече кандидатурата.
Нема одново преговори ниту за Преспа, ни со Бугарија за ЕУ. Тие договори се веќе направени, нема одново преговарање за напредок кон ЕУ, вели американската амбасадорка Анџела Агелер. Во интервју за Радио Слободна Европа Агелер вели дека граѓаните од новата Влада треба да бараат транспарентност и справување со корупцијата, нагласувајќи дека секогаш постои ризик од влез на корозивен капитал и дека власта треба да одговори на сите прашања. Да бидам многу јасна, Договорот од Преспа беше апсолутно историски за државата. Знам дека беше исклучително тешко за многу луѓе во државата да прифатат промена на името. Но тоа беше меѓународен договор,…
Илјадници луѓе се собраа во Тел Авив протестирајќи против владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху, барајќи нови избори и договор за ослободување на заложниците кои се уште се во заробеништво во Газа. Носејќи слики од заложниците и транспаренти на кои пишува „Спаси не од Нетанјаху“, тие очекуваат да ги слушнат политичарите што ја водат земјата. Израелците фрустрирани од премиерот и начинот на кој тој се справи со војната се исто така загрижени и со растечките тензии на северот на земјата каде што размената на оган меѓу армијата и Хезболах се зголеми, што носи ризик од војна на друг фронт во земја.…
Зоран Иванов Премиерот на Република, а и според неговиот исказ, Северна Македонија, објави дека ќе се сретнел со министерот за внатрешни работи со цел да договараат стратегија за борба против корупција што, покрај другото, како на пример „никогаш Северна“ и слични дребулии, беше едно од клучните предизборни пропагандни пораки и, секако, Македонија и сите ние во неа, од сé срце и најискрено посакувамe премиерот и неговиот тим брзо да успеат и борбата со корупцијата да епилогира со конечно позитивен извештај на меѓународните монитори но, но, има едно „но“, едно вонинституционално и неразбирливо „но“ кое едноставно и кажано и во оваа…
Киев: Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека поради руските напади, неговата земја изгубила околу 80 отсто од капацитетот на енергија од термоелектраните и една третина од енергијата од хидроелектраните. Затоа постојано ги потсетуваме сите наши партнери: само доволен број висококвалитетни ПВО системи и само доволна решителност на светот во целина може да го запре рускиот терор, рече Зеленски. Киев, исто така, возврати на Русија со свои воздушни напади, често насочени кон енергетската инфраструктура. Најмалку едно лице загина, а 12 се повредени во Днепар, откако руските удари синоќа ги уништија горните четири ката на станбена зграда, изјави регионалниот шеф Сергиј…
Албанската агенција за статистика еден ден по објавата на резултатите изврши корекција и наместо „Северномакедонци“ го графата на пописот сега стои „Македонци“. Промената доаѓа по реакцијата на македонското Министерство за надворешни работи и комуникацијата на министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски со неговиот албански колега Игли Хасани. „Колегата Хасани ме информираше дека станува збор за техничка грешка. Благодарен сум за брзата интервенција“, изјави Муцунски. Македонското Министерство за надворешни работи денеска испрати остра реакција за употребениот термин, како и оценка дека резултатите од пописот во Албанија не ја отсликуваат соодветно реалната бројка на етнички Македонци во земјата.
Тирана: По претставниците на македонското малцинство, официјално и Здружението „Омонија” кое го претставува грчкото малцинство во Албанија, се спротивстави на објавените резултати од Пописот спроведен во 2023 година, а кои Институтот за статистика, ИНСТАТ, ги објави вчера. Во реакцијата “Омонија” резултатите ги нарекува неосновани, нереални и неприфатливи во однос на демографијата на грчкото малцинство. Исто така, во име на Грците во оваа земја, изразуваат загриженост и за бројките за населението, кои се однесуваат за верска припадност, не прифаќајќи го дури и бројот на православните во земјата. Конкретно, сакаме да изразиме загриженост во однос на димензијата на сликата на религиозниот состав…
Москва: Пет лица загинаа во напад со беспилотно летало во руската област Курск во близина на границата со Украина, објави регионалниот гувернер Алексеј Смирнов. Меѓу жртвите има и две деца. Удрена е куќа во селото Городиште во Рилската околија. Двајца други членови на семејството, од кое се жртвите, се во тешка состојба, додаде Смирнов. Претходно руското Министерство за одбрана соопшти дека се уништени шест украински беспилотни летала над неколку руски региони, вклучувајќи ги Тверската, Белгородската и Брјанската област, како и над Крим. Сообраќајот по Кримскиот мост бил во прекин околу еден час рано утринава и сега вкупно околу 600 автомобили…
