Author: Zoran Ivanov

Албанската опозиција реагираше во врска со податоците околу бројот на населението при што обвини дека Институтот за статистика, ИНСТАТ, лаже со податоците околу на населението а премиерот Еди Рама дека „го купил и пописот како гласови на избори“. -Денеска ИНСТАТ ги објави податоците од пописот за бројот на населението и становите. Во двата случаи има манипулација. Бидејќи, според ИНСТАТ, населението во Албанија е над 2,4 милиони и за 12 години се додадени само 70 илјади станови. Ова е целосна манипулација. Првата, манипулација е со податоците околу бројот на преостанатото население во Албанија. Според податоците на Евростат, повеќе од 900.000 луѓе…

Read More

Владата на денешната седница, на предлог на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, за нов директор на Бирото за јавна безбедност го назначи м-р Александар Јанев. Тој доаѓа на местото на м-р Сашо Тасевски. На чинот на примопредавање на функцијата, директорот Јанев истакна дека неговата визија е подобрување на квалитетот на услугите на полицијата и засилување на безбедноста на сите граѓани. Безбедност без компромис, со висок стандард на професионализам и посветеност на полициските службеници. Ќе работиме со интегритет и посветеност за подобрување на безбедноста на сите. Со дигитална трансформација ќе го оптимизираме користењето на технологијата, обезбедувајќи подобра комуникација и безбедност…

Read More

Кандидатката за претседател на СДСМ, Славјанка Петровска денеска оддржа прес-конференција пред седиштето на партијата, на која кажа дека во недела таа нема да излезе да гласа и ги повика останатите противкандидати да го сторат истото. Моето име ќе се најде на избирачкото ливче, бидејќи материјалите се веќе испечатени, но јас лично нема да излезам да гласам и се разбира дека тоа треба да го направат и останатите. Не е прашањето кој од нас четворица ќе бид еизбран, влогот е многу поголем. Во прашање е СДСМ и легитимитетот на сите одлуки што во иднина треба да бидат донесени, порача Петровска. Во…

Read More

Партијата на Македонците, Mакедонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) како единствена партија која ги застапува интересите на македонската заедница во Албанија, изразува огорченост и непризнавање на објавените резултати од Пописот во 2023 година, нагласувајќи дека бројките за македонското малцинство се манипулирани и фалсификувани, изјави лидерот на партијата Васил Стерјовски на прес-конференција во Корча. Од име на партијата порача дека македонската заедница не може да биде колатерална штета на патот на Албанија кон европското членство, поткрепувајќи го тоа со заканите на Бугарија, најпрво со признавање на непостоечкото бугарско малцинство, а потоа и со нереагирање на нивните предупредувања за заканите од…

Read More

Скопје: Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска донесе одлука за именување на Габриела Јаковлева за директорка на Агенцијата за разузнавање и одлука за разрешување на досегашниот директор Еролд Муслиу. Сиљановска Давкова, како што информираат од нејзиниот Кабинет, денеска ја разрешила и заменичката директорка во Агенцијата за разузнавање Александра Бакреска Додовска и на тоа место ја именуваше Ивана Стојановска. Габриела Јаковлева и Ивана Стојановска се долгогодишни професионалци во Агенцијата за разузнавање.

Read More

Задоволство ми е да објавам дека Европскиот совет донесе одлука поранешниот португалски премиер Антонио Кошта да биде избран за нов претседател на Европскиот совет, Урсула фон дер Лајен да биде предложена за претседателка на Европската комисија и во следниот мандат, а естонската премиерка Каја Калас да биде кандидат за висока претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, изјави актуелниот претседател на Европскиот совет Шарл Мишел. Мисијата е завршена. Европскиот совет испорача. Имавме важна тема што требаше да ја завршиме и ние го направивме тоа, нагласи Мишел на прес-конференција по завршување на Самитот на ЕУ. Според него, Европскиот совет ја…

Read More

Скопје: Со меѓународна изложба на аналогна фотографија вечерва во Мултимедијалниот центар „Мала станица“ ќе биде отворен третиот Mеѓународен фестивал на алтернативна фотографија „Зрно“. Како што информираат од Фестивалот, делата, испратени на отворен повик се избрани од деветчлено меѓународно жири и претставуваат своевиден пресек на современите текови во светската фотографија. Ќе бидат претставени над 20 автори од цел свет. На 10 јули годинава во галеријата на Факулетот за ликовни уметности – Скопје, во Сули ан, во 20 часот, ќе се отворат две авторски изложби: „Форма“ на Наталија Копкина од Хелсинки и избор на дела на Бабакк Хаџи од Техеран. Двајцата се…

Read More

Американскиот претседател Џо Бајден и неговиот републикански ривал Доналд Трамп разменија неколку лични навреди во долгоочекуваната дебата, но се доби впечаток дека настапот на Бајден на моменти беше колеблив и неизвесен, додека Трамп започна со серија вербални напади. Двајцата разменија аргументи и критики за абортусот, имиграцијата, војните во Украина и Газа, нивното управување со економијата, па дури го споменаа и своето играње голф. Како што се развиваше дискусијата, се чинеше дека Бајден почна повеќе да се фокусира на нападот на Трамп, меѓу другото, нарекувајќи го „криминалец“ поради неговото убедување за прикривање тајни плаќања на порно ѕвездата Сторми Даниелс. Бајден упати…

Read More

Во рамки на дебатата за Стратешката агенда на ЕУ за периодот 2024-2029 година на денешниот Самит на Унијата во Брисел, Германија и Франција излегле со заеднички предлог за серија измени во планот што ги поставува правците на дејствување и целите на блокот за следниот период, брифираат извори кои се во тек со расправата. Според истите извори, Берлин и Париз предлагаат во делот на Агендата посветен на проширувањето да се додаде одредба дека паралелно со овој процес, треба да се постават и неопходните внатрешни основи и да се спроведат реформите за да се исполнат долгорочните амбиции на ЕУ и да се…

Read More