Author: Zoran Ivanov

Зошто ВМРО-ДПМНЕ, уште недојдени на власт, ја стави Македонија во трета брзина во односите со соседите, со Европа и со светот? СЛОБОДАНКА ЈОВАНОВСКА За два месеци новата претседателка Гордана Сиљановска-Давкова најверојатно ќе треба да ја преставува Македонија на јубилејниот самит на НАТО во Вашингтон и да седне на иста маса со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис. Од НАТО утрово ја потсетија со кое име е примена Македонија во членство и како е преставена, односно дека за нив не постои држава „Македонија“. На самитот ќе биде и претседателот на САД, Џо Бајден, кој има извршна наредба за тие што ќе се обидат…

Read More

Секоја власт ги расипува властодржците, а апсолутната власт ги расипува апсолутно. Таа лесно станува страховлада. Првиот предуслов за тоа е напад за медиумска слепа послушност ЕРОЛ РИЗАОВ Би било фер на новата влада да ѝ се даде малку време да се конституира и да се остави 100 дена спокојно да работи без пожестоки критики на првите чекори на власта. Сакав да го применам тоа заборавено непишано правило, иако овој принцип во Македонија никогаш не е почитуван, додуша одамна застарен, не се применува ниту во развиените парламентарни демократии. Новиот мандатар Христијан Мицкоски се откажа од една таква „привилегија“ на која, ако…

Read More

Анкара: Турските власти уапсија нови 544 лица осомничени за врски со  свештеникот Фетула Ѓулен, кого претседателот Реџеп Таип Ердоган го обвинува дека е организатор на обидот за пуч во 2016 година. Осомничените се обвинети дека аплицирале за испит за државна служба по налог на движењето Фетула Ѓулен и дека користеле шифриран комуникациски систем „Бајлок“.

Read More

Тбилиси: Грузискиот парламент го усвои контроверзниот закон за „странски агенти“ и покрај големото противење на граѓаните и предупредувањата од Европската унија дека неговото донесување ќе ги загрози шансите на земјата да се приклучи на заедницата. Новиот закон ќе бара организациите кои добиваат повеќе од 20 отсто од своето финансирање од странство да се регистрираат како „агенти на странско влијание“ или ќе се соочат со високи казни. Противниците велат дека законот е направен според слични закони во Русија кои Кремљ ги користеше за да ја задуши опозицијата и граѓанското општество. Многу Грузијци стравуваат дека законот за странски агенти ќе се користи…

Read More

Поранешниот претседател Стево Пендаровски се откажа од правото на користење државна пензија и реши да и се врати на академската кариера. Кaко поранешен претседател, Пендаровски нема да ја користи државната пензија која му следува по закон, затоа што веќе се врати на својата академска кариера како професор на Универзитетот Американ Колеџ во Скопје, потврдија за МИА од неговиот тим. Претставници на Министерството за внатрешни работи ќе продолжат да го обезбедуваат поранешниот претседател во согласност со безбедносните проценки што ги прават. Пендаровски ќе користи и канцеларија со тројца вработени од неговиот поранешен кабинет. Во однос на административната и логостичка поддршка која…

Read More

Пекинг: Рускиот претседател Владимир Путин неделава ќе отпатува за Кина, прва странска дестинација од својот петти мандат. Дводневната посета е навестена за в четвртоки и е на покана на кинескиот претседател Шји Џјинпинг. Изборот на Кина за негова прва дестинација по реизборот во март ги нагласува блиските врски меѓу двете нуклеарни сили и постојаните членки на Советот за безбедност на Обединетите нации. Откога Москва ја почна својата инвазија на Украина во февруари 2022 година и воведувањето на западните санкции, Русија е во голема мера меѓународно изолирана. Кина не ја осуди агресијата туку зазеде неутрален став.

Read More

Уставот е позначаен акт од Изборниот законик и според тоа треба да се почитува одлуката за уставното име на Република Северна Македонија која важи од 2019 година и се однесува на примена на името на државата. Токму затоа не е важно што пишува во Изборниот законик бидејќи Уставот е позначаен, вели професорот по уставно право  Светомир Шкариќ во коментар за Градска.мк за она што  за време на инаугурацијата во Собранието го направи новата претседателката на Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова. Линк

Read More

Соња Танеска Уставот е позначаен акт од Изборниот законик и според тоа треба да се почитува одлуката за уставното име на Република Северна Македонија која важи од 2019 година и се однесува на примена на името на државата. Токму затоа не е важно што пишува во Изборниот законик бидејќи Уставот е позначаен, вели професорот по уставно право  Светомир Шкариќ во коментар за Градска.мк за она што  за време на инаугурацијата во Собранието го направи новата претседателката на Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова. Таа  ја потпиша свечената изјава на која пишува Република Северна Македонија, но не го изговори целото уставно име.…

Read More

Последното мултинационално истражување за Западен Балкан од страна на Центарот за анкетни истражувања CISR на Меѓународниот републикански институт ИРИ покажува широка поддршка за приклучувањето кон Европската унија (ЕУ) и силно мнозинство кое ја смета руската војна против Украина за неоправдана. Земјите во кои беше спроведена анкетата се Албанија, Босна и Херцеговина (БиХ), Косово, Северна Македонија, Црна Гора и Србија. На прашањето дали би го поддржале приклучувањето кон ЕУ доколку денес се одржи референдум, во пет од шесте земји силно мнозинство би гласало за приклучување кон Унијата и тоа од 68 отсто во Северна Македонија и во Босна и Херцеговина до…

Read More

Силна поддршка за членството во ЕУ, нападите на Русија врз Украина се неоправдани и силна желба низ Балканот за зајакнување на врските со западните економии Последното мултинационално истражување за Западен Балкан од страна на Центарот за анкетни истражувања CISR на Меѓународниот републикански институт ИРИ покажува широка поддршка за приклучувањето кон Европската унија (ЕУ) и силно мнозинство кое ја смета руската војна против Украина за неоправдана. Земјите во кои беше спроведена анкетата се Албанија, Босна и Херцеговина (БиХ), Косово, Северна Македонија, Црна Гора и Србија. На прашањето дали би го поддржале приклучувањето кон ЕУ доколку денес се одржи референдум, во…

Read More