Author: Zoran Ivanov
САД повикуваат на континуирани напори и реформи неопходни да се постигне напредок во пристапот и полноправно членство на Северна Македонија во ЕУ изјавија за Гласот на Америка на македонски јазик од прес-службата на Стејт департментот. На прашањето дали Бугарија, со тоа што ја блокира Северна Македонија поради историски барања, ги загрозила интересите на САД и Западот во регионот, Стејт департментот вели: Охрабруваме продолжување на дијалогот меѓу Северна Македонија и Бугарија, кој е вкоренет во заедничката заложба за иднината на Северна Македонија како полноправна членка во ЕУ“. Бугарија бара вклучување на Бугарите во Уставот како прелиминарен услов за почеток на преговорите…
Бојан Блажевски Населението на Северна Македонија и Албанија со најнисок просечен коефициент на интелигенција во Европа. Поразителните резултати што ги објави World Population Review покажуваат дека просечниот IQ на Македонците е 81,91, а заедно со нас на дното во Европа се жителите на Албанија со просечен коефициент на интелигенција од 81,75. Просечниот коефициент на интелигенција е објавен за речиси сите земји од World Population Review, при што вкупниот резултат е извлечен од збир на стандардизирани тестови или подтестови наменети за проценка на човечката интелигенција. При изработката на резултатите, во истражувањето се вклучени подтестови за проценка на знаењето по математика и природни науки,…
Државната изборна комисија ДИК денеска почна со разгледувањето на 27 приговори поднесени од политичките партии по одржувањето на парламентарните избори на 8 мај. Досега ДИК од поднесените приговори од коалицијата Влен еден прифати, а еден отфрли.
Во светлината која патувала 6,9 милијарди години за да стигне до нас, астрономите пронашле џиновски, речиси совршен прстен од галаксии, со дијаметар од околу 1,3 милијарди светлосни години. Тоа не се совпаѓа со ниту една позната структура или механизам за формирање. Големиот прстен, како што е именувана структурата, може да значи дека треба да го измениме стандардниот модел на космологијата. Откритието, предводено од астрономот Алексија Лопез од Универзитетот во Централен Ланкашир, беше претставено на 243-тиот состанок на Американското астрономско друштво во јануари, и е објавено во претходно печатен труд достапен на arXiv. Големиот прстен (сина) и Џиновски лак (црвено). Илустрација: Универзитет во…
Скопје: Центарот за рангирање на светски универзитети CWUR ја објави листата на 2.000 најдобри универзитети во светот за 2024 година, на која државниот Универзитет Св. Кирил и Методиј од Скопје е рангиран на 1.990 место. УКИМ е на истата позиција од минатогодишното рангирање и се уште е единствениот македонски универзитет кој се наоѓа на ова рангирање.
Мирче Јовановски Во Платформата #1198 на ВМРО-ДПМНЕ никаде го нема споменато задолжувањето од милијарда евра. Нејасно е кои се мотивите за давање толкав износ пари на нашата земја од непозната држава и што ќе се бара за возврат Почна со „милијардата на Циле“, ги паметиме и инвестициските бумови од осум милијарди на тогашниот премиер Никола Груевски, и на минатата влада на СДСМ која најавуваше 5 милијарди евра, а сега дојде на ред и милијардата (евра) која ја соопшти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како сосема извесен мандатар за формирање на новата влада. Претходните ветувања завршија неславно – парите од тајванските…
Во своите јавни настапи, македонската претседателка има право да го употребува името Македонија, како чин на лично право на самоопределување и самоидентификација, почитувајќи ги основните човекови права и слободи, и согласно европските вредности и начела, велат од Кабинетот на претседателката, Гордана Силјановска Давкова. Оттаму наведуваат дека Давкова ќе се придржува до официјалната примена на уставното име, а во согласност со Уставот, а како што беше подготвена од службите на Собранието, свечената заклетва беше потпишана со користење на уставното име.
Драган Мишев Продолжуваат жестоките одбранбени битки на голем дел од пограничната област на регионот Харкив, објави украинскиот претседателот Володимир Зеленски во синоќешното видео обраќање до нацијата. Одбранбените битки се во тек, жестоки битки – на голем дел од нашата погранична област. Има села кои всушност од сива зона се претворија во борбена зона – а окупаторот се обидува да се зацврсти во некои од нив или едноставно некои од нив да ги искористи за понатамошен напредок. На периферијата на Вовчанск, ситуацијата е исклучително тешка – градот е под постојан руски оган, а украинската војска изведува контранапади, помагајќи им на локалните жители. Исто…
