Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Азески и Османи на средба за регионалната соработка и можностите за нејзино продлабочување

0
By Ivana on October 25, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Копрeтседателот на Управниот одбор на Коморскиот инвестициски форум со седиште во Трст и претседател на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, придружуван од Горан Свилановиќ, советник на претседателот на Комората за регионални прашања, ќе остварат работна средба со министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Фокусот на разговорите, како што информираат од Стопанската комора, ќе биде регионалната соработка и можностите за нејзино продлабочување.

– Во таа насока, Горан Свилановиќ, како советник на претседателот Азески, ќе даде придонес во потенцирање на можностите и потребата од продлабочување на регионалната соработка преку механизмите и институциите кои се активни по повеќе основи, формирани со поддршка на ЕУ во текот на изминатата деценија, велат од Стопанската комора.

Конкретно, додаваат, со поддршка на ЕУ, формирани се организации кои го поддржуваат пренесувањето на европските правила за водење бизнис во нашите земји.

– Тоа се Енергетската заедница, ЦЕФТА, Регионален совет за соработка (РЦЦ), Транспортна заедница и Регионалната академија за јавна администрација. Стопанските комори од Западен Балкан, од своја страна, ја поврзаа деловната заедница преку Коморскиот инвестициски форум (КИФ), како оригинална регионална иницијатива која е автентичен глас на деловната заедница која сака да ги искористи сите потенцијали на регионалниот балкански пазар кој работи по европски правила, прецизираат од Стопанската комора.

Имено, Унијата инвестираше огромни суми пари во организациска инфраструктура што треба да помогне во зајакнување на економската соработка меѓу земјите од регионот, да се зајакне регионалниот пазар на Западен Балкан и економската соработка на целокупниот бизнис од Балканот со европските бизниси како дел од процесот на пристапување на нашите земји во Европската Унија.

Средбата на Азески и Свилановиќ со Османи се реализира и во пресрет на уште две регионално-меѓународни деловни активности. Наредната средба на Отворен Балкан која ќе се одржи на почетокот на ноември во Белград и средбата во Будимпешта меѓу Коморите на Западен Балкан и на Вишеградската група.

-На работната средба во Министерството за надворешни работи ќе стане збор и за интензивирање на активностите на бизнис комитетот за трговски марки, формиран согласно Преспанскиот договор со Грција помеѓу бизнис заедниците од двете земји, потенцираат од Стопанската комора

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.